2014-та е, а се осеќам како да сум во 1904-та, или 1914-та, 1924 или 1944-та!!!
Турци, срби, бугари се во ценатрот (на градот или на внимнието, се едно), МАКЕДОНЦИТЕ се во илегала!
Пред еден век, пред три-четврти век, пред половина век главни фраери во Македонија беа турците, бугарите или србите, зависно од окупацијата под којиа беше Македонија. Бегови, кметови, газди… Џандари, аскер, солдатеска… Беа во градовите, во институциите, во жижата… Беа сеприсутни на и во МАКЕДОНСКИОТ простор. Диктираа правила, уредби, начин на однесување, мода, право, закон…
Во тие времиња МАКЕДОНЦИТЕ, со исклучок на колабрационистите, беа во селата високо во планините, во збегови блиску до далечни манастири и цркви, беа во затвори, зандани, арестантни одделенија… Беа секаде по коријата, само не беа на јавната сцена, во прајм тајмот и прајм плејсот, на својата територија и држава.
Еден век, три-четврти век, половина век подоцна, пак е исто! Само што сега технологијата донесе други алатки. Аххх, да! И, “само“ што сега имаме сопствена држава МАКЕДОНИЈА.
Инаку се е исто. Во центарот на вниманието се турски и бугарски серии што раскажуваат прикаски за МАКЕДОНСКА територија и МАКЕДОНЦИ по род. Во центарот на вниманието се српски сељачки шоу програми каде кога гостува некој од Македонија треба да сме ептен среќни. Оти ете, нели, се сетиле и на нас. Србите, бугарите и турците, исто како некогаш, ни диктираат однесување, вредности, мода…
ИСТО КАКО И НЕКОГАШ, ДИРЕКТНО ПРАВАТ ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО НАШИОТ ГЕНЕТСКИ КОД И ИДЕНТИТЕТ. Исто како на времето кога преку егзархијата, српската и грчката црква и преку потурчувањето (исламизирањето) имало перманентна стратегија на бришење на МАКЕДОНСКИОТ народ од лицето на земјата.
Некогаш македонците морале да живеат во високите села каде немало плодни ниви и земја, а само оние што ќе се потурчеле можеле да останат да живеат во селата во долините каде имало плодна земја. Газдите, беговите, агите и жандармеријата живеела во (центарот) на градовите.
Сега, во центарот на медиумите живеат турско-муслимански серии, бугарски педери шоу мени, и српска сељачаана. МАКЕДОНЦИТЕ, како и пред десетлетија се далеку од “центарот“ на настаните. МАКЕДОНЦИТЕ се повторно во “илегала“. Мојата емисија е во порно пополноќен термин, Јанко е на “втор“ канал, Ефтов е кај племето, Лупевска, Еднооки и Валентин ги нема… Латас си ја самоукина својата емисија. Роберт стана политичар, МТВ никој жив не ја гледа (се трка со 24Вести и Телма) заради ангажираните кадри на Велија… “Најсериозен“ термин има најсериозната(!?) емисија – Зевзекманија.
Значи, повторно е се исто. Заради српски имплант во домашниот медиумски бизнис, фирма која се вика Нилсен и која ги фабрикува бројките за гледаност за да ги уценува газдите да купуваат нивини серии и “гранд“ шоу програми, ние сме принуден повторно да станеме шумкари, раја, чокалије, јужна бановина… Емил, Ѕинго (мал), кој и да е во Алфа не смогнаа сили да се спротстават на ова зло. Што е најтажно, ниту државата (засега) не се бори со ова зло што удира директно на идентитетот, на едукацијата на децата и младите. Напротив, преку градоначалниците на Карпош, Куманово, Охрид, Штип, Прилеп, Струмица и други градови во Македонија царуваат најразлични Ротквичи, Хариси, Иличичи, Цеци и слични опиноци. Најстрашно е што на маскенабли (мали школски или големи градски) девојчињата бараат од родителите да ги облечат (маскираат) како анами, а дечињата како аги, бегови… Тие им стануваат примери за однесување, облекување, начин на живот, професија…
Да не заборавам. Имаме и додаток на овој удар врз МАКЕДОНСКИОТ идентитет. Новите времиња и технологија доведоа до ситуација сите спортски преноси преку кабелските оператори да ги слушаме на српски јазик. Она за што се бореше спортската редакција на Телевизија Скопје, “освојување“ на што повеќе спортови за да бидат коментирани на МАКЕДОНСКИ, сега заради немање (неспроведување) на законот за заштита на МАКЕДОНСКИОТ јазик се предадени во српски раце.
Пратениците МАКЕДОНЦИ, секако пред се оние од владеачката коалиција, Министерката Камчевска, Министерот за трнспорт, Агенцијата за аудио услуги треба веднаш да влезат во процес на имплементирање и модифицирање на постоечките закони за заштита на МАКЕДОНСКИОТ јазик и МАКЕДОНСКИОТ идентитет. Строга примена на законите и регулативата би ги исфрлило од програмите овие анти МАКЕДОНСКИ продукти.
Бидејки, новиот преубав Археолошки музеј со кој се гордее Министерката (и сите ние), ништо не значи ако девојчињата сакаат да станат анами, а децата ротквичи.
Секако, овдека не треба да ликуваат опозииониерите и НГО-Милчиновските структури. Тие, наместо што парите ги трошат на про-грчки агенди, треба да се свртат кон основната борба на сопствениот народ за сочувување на идентитетот нападната од сите страни. Наместо поддршка на педерите, треба да дадат поддршка на коментирање на спортски натпревари на МАКЕДОНСКИ, да ги дадат парите за снимање МАКЕДОНСКИ серии… Наместо “Бриселската“ да ја поддржат МАКЕДОНСКАТА аѓенда.