Дежурните чекачи на странски и домашни пари за отворање, или дофинансирање на веќе отворени, дневни весници и неделници има подоста во Македонија. Од поранешните дневниковци Миле Јовановски и Александар Дамовски, преку нивниот поранешен ортак Бранко Героски, па преку сегашните уредувачи на Фокус, поранешните уредници на Ден, незадоволни новинари од сегашните редакции (ТВ, пишани и нет), па се до “порастоше пиљци“ кадри што немаат абер каков леб е тоа.
Во Македонија на нови и ептен нови медиуми потрошени се многу пари. Странски, особено. УСАИД, САД амбасадата, ороводецот Сорос со 92-та милиона дадени преку ФООМ со Владе Милчин на чело, амбасадата на Холандија која сега е најактуелна крава музара и дузина други помали и поголеми странски служби желни да прават проблеми во оваа држава.
Најновиот “јамб у најава“ проект за пишан медиум, ги разбранува дежурните чекачи набројани на почетоков од текстов, возбуди аналитичари што немаат доволно информации оти се елитизирани и ги изнасмеа оние што ја гледаат и знаат комплетната слика.
Во моментов во Македонија има еден сериозен дневен весник (Дневник), еден дневен весник со одлични колумнисти (Н. Македонија), одличен дневен таблоид (Вечер), еден штитач на влашкото олигархиско лоби (Вест), група од комуњарски рецидиви (Утрински) и канта-тропа несериозни проекти и редакции на дневен весник (С. Печат) и неделник (Фокус). Секако, тука е Република која е одлично спакувана, но со читаност равна на број на членови на кајак-кану клуб (на диви води).
Странските служби и институции погоре наброени, се здробија трошејки камиони со пари, но не успеаа да ја постигнат зацртаната цел: Рушење на Никола Груевски.
Најновата најава на едно нетокму типче кое е од Шопско рударе (тоа е кај Цоцев камен), а не е од Шлегово (тоа е кај планината Златица), го отвори прашањето чии се парите за овој проект?
Да се потсетиме тоа беше момак каде што сите гостуваа во неговата ТВ емисија, давајки му легитимитет. Трендо, Панде, Милчин, Геро, Русјаков, Борајн, Кабранов, бизнисмени, политичари, аналитичари… Според мене, единствен што таму достојно се претстави беше Боки 13. Но, сите тие гостувајки му дадоа легитмитет, и тој тоа подоцна си го капитализира. Единствени што одбија да одат кај него, заради исклучително ниското ниво на дебата и елементарното незнаење на домакинот, беа Дарко, Мирка и Миленко. Најголемиот дел од овие што гостуваа подоцна доаѓаа кај нас тројцата да се жалат и плачат оти погрешиле што гостувале, но ние за нивната “патња“ немавме разбирање. Секако, вреди да се напомене фактот што имбецилот (дијагноза на Коља Мрак) за својата прва и никогаш не реализирана емисија на АБ телевизија со ургенции на угледен член на ВМРО ме молеше да му гостувам во таа емисија. Емисија замислена да има два новинари, тој и ја, и по двајца од спротиставените политички страни. Јас му прифатив, сите други 4-ца поканети, еден по еден му одбиваа. За секое откачување, уредно ме известуваше. СМС-ите ги чувам. За на крај да ми соопшти дека сме останале само тој и јас, па ако сум сакал така да ја направи емисијата. Ја се согласив. Емисијата беше најавена кај Бојо Андревски на телевизијата АБ. На денот на снимањето добив пристоен СМС “заради технички проблеми емисијата нема да се снима“. СМС-ите се архивирани. Подоцна, кога почна емисијата на НАША ТВ и кога се виде нивото, добив стотина покани по СМС и телефон, но не прифатив. Ова, само како назнака дека знам и следам што се случува.
Во меѓувреме од настапите и пишувањата на повеќе ликови разбравме дека:
1. Бранко Героски го рашетувал момакот по богати бизнисмени со понуда за проект да направат телевизија.
2. Владе Милчин му обезбедувал неповратни средства, ама му наредувал кој смее а кој не смее да пишува кај него.
3. Владе Милчин во повеќе колумни упатени кон него му пиша “те знам ја на тебе“.
4. Милчин и Геровски тврдеа дека имбецилот работи во корист на Сашо Мијалков.
5. Комплетната СДСМ парламентарна гарнитура го поздрави со овации и ракоплескања како да победил на Вимблдон. Повторно, и СДСМ му даде легитимитет.
6. Беше прогласуван за советник на Зоран Заев и противник во креирањето на политиката на Корнишон лидерот на СДСМ предлагана од Бранко Героски.
7. Добиваше пари за реклама од СДСМ во вредност од 200 евра, а се лутеше на Аудито 8 од 100.000 евра на Заев. Месечно добива реклама во вредност од 50 евра од ЕВН.
8. Беше говорник на хаубата на зарибаната Лада Нива заедно со Геровски.
9. Последно, бранејки го ликот и делото на Милчин, Коља Мрак го обележа шопскорударецов како имбецил.
И, еве стигнавме до дневен весник и прашањето на К15, “каде се парите од знамето“?
Постојат две можни солуции:
Првата е дека странските служби, амбасади, фондации и заинтересирани структури да не се задоволни од она што на опозицискиото небо го продуцираа Окно, Плусинфо, Слободен печат, Либертас, Бриф, А1он, Мојотград, Народенглас, Фокус, МИМ, Цивил, Проверканафкти и сета друга мрежа на Милчин преку Синдикатот, ЗНМ и професорите платеници како Фрчкоски, Најчевска, Пендаровски… Истурени се стотици милиони, рејтингот на Груевски наместо да паѓа, расте. Тие “инвеститори“ виделе дека јалови полутани како Биљали, Перо Арсов, Ордански, Исмаил, Петар Арсовски, Митко Јованов, Грчев, Марин Бабиќ и слични веќе ништо не можат да испорачаат. Дека се пресушена лоза која веќе нема род. Такво лозје бара сечење, копачење и садење ново. Па така, парите што сите, најмногу Героски, ги очекуваа од холандската амбасадорка, многу е веројатно дека ќе завршат во Шопско Рударе.
Втората опција за размислување доаѓа од сознанието што го има Милчин дека имбецилот му е подметнат. Според Кабранов и Героски, подметнувањето е дело на Саше Мијалков. Ако е таков случајот, легитимно прашање е колкав имбецил треба да е Милчин за да дозволи, односно да не види, дека му подметнуваат имбецил?! Оваа втора опција за размислување доведува до сознание дека комплетниот СДСМ (оној што ракоплескаше во Собранието, на пример) се наивни муштерии на итриот “бате Саше“ (како што го ословува Кабранов од Златара Рубин). Уште повеќе, дека со години се навлечени во агенда да се воодушевуваат на лик што е “пуштен“ од другата страна за да им го разводни и онака боза медиумскиот простор.
Па така, јасно е дека кога ќе се види која ќе биде печатницата и од каде ќе се набавува хартијата, ќе стане и видливо чии пари стојат зад проектот. Најсмешно ќе биде сознанието ако излезе дека тој проект е џоинт венчр помеѓу опција А и опција Б!
Да не заборавиме мали делови од минатото. Сашо Орданоски и Ѓунер Исмаил го продадоа на дотогаш медиумски неекспонирана фирма својот Форум, магазин со исклучиво антивмровски агенда. Сашо и Ѓунер се нафатираа, а за гробари на двонеделникот беа наименувани Слободан Чашуле и Александар Кировски – Саки. Сега Саки е новиот директор на Телма, телевизија со, за мене, извесна иднина. Форумска иднина.
Борбата на медиумскиот простор е комплексна, силна и не секогаш јавна. Најмалку од се е чесна. Капитализам е ова, не е шега. Во таа игра има дупљаци, неморални бескичмењаци и секакви други матни типови. Секогаш имало играчи што играле на сите страни. Таканаречени превртачи. Најголемите напаѓачи и критизери на ВМРО, да потсетам, се оние што биле најблиски до кадровикот на ВМРО Доста Димовска Достич и со Борис Трајковски: Кабранов, Фрчкоски, Борјан, Пендаросвски, Геровски, Орданоски, Исмаил…
Чии и да се парите за овој проект, јасно е дека ќе биде уште една алатка во дораспаѓањето на усмрдениот леш наречен СДСМ.
Миленко Неделковски
22.09.2014
19.58 во Скопје