Рдовна вторичка колумна.
ДОКУРЧЕВ
1. Героски Бранко, познатиот новинарски лепотан од Македонија, констатира дека Андон Ќосето бил џелат и бодигард!!?? Значи, Бранко од историја е тапа. Но, прашањето му е уште по тапа: “Знаете ли некоја земја во која е изграден споменик на џелат и бодигард“? Под “џелат и бодигард“, препоставувам мисли на човек што убивал непријатели на својот народ: Па, еве му неколку примери, од илијадниците што ги има на светов: Труман (атомска бомба), Ѓенерал Кастер (истребување на индијанци), обелискот на Мусолини пред олимпискиот стадион во Рим, Цезар, Пизаро, Наполеон… И така до бескрај.
Си мислам дека на Бранко Героски убавецот, една работа дебело му смета во врска со Ќосето?! Имено, Ќосето убивал предавници.
2. Никола Гелевски излезе во првите редови на браникот на ликот и делото на лустрираниот кодош Владе Милчин. Коља “Мрак“ се обиде да ја одбрани соросовата империјалистичко-колонијалистичка империја која само во Македонија има потрошено 92 милиони долари, плаќајки ги домашните предавници. “Одбраната“ отиде доттаму да одамна констатираната Поликлиничка дијагноза за болеста на еден од Милчиновите платеници, доби и конкретно име. Имено, “те знам ја на тебе“ (зборови на Милчин кон својот пулен) соросовиот таленат, да ти бил ИМБЕЦИЛ.
3. Кога сега би бил жив соборецот на Андон Ќосето, војводата Андреј Димков Докурчев, јасно е што би се случило доколку би ги сретнал на улица Борјан Јовановски и неговото семејство. Би им рекол: Ми до…чивте, бе!
4. Колку што разбрав, според соросоидните мозоци, бидејки Илија Псалтиров бил пеач, сега не е адекватен за амбасадор (во Казахстан)?! Ме интересира, нели бе Трифун Костовски пееше? И, нели од кога знае за себе Јове Кекеновски “разваљује“ хармоника дугметара? Или мистер “Срце тетовирано’’ и другарот “Рокери с Мораву“ можат, а Псалтиров не?
5. Велија Рамковски им порачал на своите соработници да бидат на штрек, оти ќе ја рестартирал медиумската империја. Шо убо, а? По 8 години, кога ќе излезе, ќе биде “у цвету младости“, односно ќе има 75 години. Според соработнициве што ќе бидат на штрек, спремни за старт, Велија имал скриено 10 милиони евра што ќе ги актвирал. Оваа “како мали Џокица замишља…“ стратегија, претпоставувам знае како скриени пари се ставаат во банкарски систем (како се перат), како се добива концесија, како личи старец на 75 години. Ахххх, надежта секогаш умира последна. А ја да приупитам: Хеди ќе се врати ли?
6. Пол Волерс ептен избра датум за да испрати порака до “водачи“ во политиката во државава – 100 години од започнувањето на светска војна! Водачиве, или водачов, очигледно подолго време не го зарезуваат г-дин Пол, па изнервираниот амбасадор на окупаторката велесила дава изјава на ден кој одбележува настан (заедно со Балканските војни) кој е причин за комплетното расчеречување на Македонија и македонците како територија, суверенитет, народ, држава… Па така, наместо да прати порака кон соседите што спорведуваат фашизоидни политики на етник кленсинг, непризнавање на македонците и мекадонските партии во своите држави, тој лоцираше место каде гледа конфликт во земјава.
Еве, според логикава на Пол Волерс, користејки ги истите негови зборови во реченицата ќе констатирам: “За жал во многу земји, и со жалење морам да кажам дека и во Украина, гледам водачи кои политиката ја гледаат како краткорочна игра за богатење на самите себе и на сопствената фамилија како што е случајот со потпредседателот на САД Џо Бајден кој го вметна својот син Хантер Бајден во украинската најмокна компанија за производство и транспорт на природен гас. Тоа предизвикува конфликт во земјата, наместо да работат за да ги решат конфликтите. Мислам дека ова е рецепт за уривање на државата“.
7. Месуд Мусли од Чаир е 10-тиот убиен џихадист на Блискиот исток што имал македонски пасош. Се борел на страната на оние што обезглавуваат луѓе. Досега ништо на оваа тема, критика или пофалба за “борциве“, не прочитав од перата на Ризаов, Мухамед Зекири, Петрит Сарачини, Мерсел Биљали, Едмонд Адеми, Ѓунер Исмаил и слични?! Ништо и од “Разбуди се“, ништо од Рамадан Рамадани, ништо од Ајдини од Лајф радио, ништо…
8. За Владе Милчин, Џорџ Сорос и слични растурачи на оваа држава, крајно фрстрирачко е сознанието дека потрошиле 92 милиони евра на новинари, медиуми, уредници, колумнисти, експерти, опинион мејкери… А, сите тие ликови со сите тие пари ја загубиле битката од тројца слободњаци Дарко, Мирка и Миленко. Тоа бе брат, доаѓа по 30 милиони по човек потрошени во ветар!
9. Респект за постот на Давор Стојмиров: Ја би ставил споменик на Геровски,чисто да видиме дали самиот ќе почне да плука по својот “лик и дело”.
Ја пак од своја страна имам предлог споменикот на Докурчев да се постави пред влезот на СДСМ на Бихачка. Мислам, адекватно е!
10. Еднооки повторно започнаа со емитување? Фала богу, време беше, се изначекав. На мобилна апликација ќе било?! Ако де, каде и да се – гледани ќе се.
Миленко Неделковски
16.09.2014