БОЦЕВСКИ

БОЦЕВСКИ

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83014121509&id=13&prilog=0&setIzdanie=23261#.VAGzQkD4p48.facebook

Што ги пот­тик­ну­ва на­ши­те со­гра­ѓа­ни да им се при­дру­жат на ек­стре­ми­сти­те? Бур­хан Бес­ли­ми е нај­но­ва­та жр­тва од Ма­ке­до­ни­ја во пе­со­ци­те на Бли­ски­от Исток. Во из­ми­на­ти­ве не­кол­ку сед­ми­ци во Ма­ке­до­ни­ја при­стиг­ну­ва­ат воз­не­ми­ру­вач­ки ве­сти од бо­и­шта­та во нај­експ­ло­зив­ни­от ре­ги­он во све­тот. На­ши др­жав­ја­ни се бо­рат под ба­јра­кот на Ис­лам­ска­та др­жа­ва и на нив­ни­от но­во­прог­ла­сен ка­лиф, ка­ко и под зна­ми­ња­та на мно­гу­број­ни ек­стрем­ни ис­ла­ми­стич­ки гру­пи, кои дејс­тву­ва­ат во овие не­среќ­ни кра­и­шта. Ве­ста за пр­ви­от Ма­ке­до­нец што го из­гу­бил сво­јот жи­вот во Си­ри­ја пре­диз­ви­ка шок и не­ве­ри­ца, по­себ­но за­тоа што се ра­бо­те­ше за на­ши­нец што жи­ве­ел и ра­бо­тел во За­пад­на Евро­па. За жал, во из­ми­на­ти­ов пер­и­од оваа број­ка по­сте­пе­но рас­те­ше, па се пла­шам де­ка до­маш­но­то јав­но мис­ле­ње ота­пу­ва и ва­кви­те ве­сти по­ле­ка се пре­тво­ра­ат во до­сад­но се­којд­не­вие, на­ме­сто да би­дат гла­сен бу­дил­ник што ќе нѐ от­трг­не од сла­тки­от дре­меж.
Не­ма по­тре­ба да збо­ру­вам за бес­мис­ле­но­ста на овие ма­ке­дон­ски жр­тви во бли­ско­и­сточ­ни­те вој­ни. Ис­лам­ски­от ка­ли­фат, и по­крај сво­ја­та транс­на­ци­о­нал­на мре­жа, гло­бал­ни пре­тен­зии и апо­ка­лип­тич­на фи­ло­зо­фи­ја, е се­пак ед­на ко­мич­на твор­ба. Не­го­ви­те при­вр­за­ни­ци мо­же кол­ку што са­ка­ат да се ју­на­чат на сво­и­те ин­тер­нет-стра­ни­ци, но ба­јра­ци­те и вој­ски­те на ка­ли­фа­тот не­ма ни­ко­гаш да ги ви­ди­ме ни во Ви­е­на, ни во Истан­бул, ни во Баг­дад, ни во Ка­и­ро, ни во Џа­кар­та, а нај­мал­ку, пак, во Скоп­је. Ка­ли­фа­тот, она­ка ка­ко што тие си го за­мис­лу­ва­ат, ни­ко­гаш не по­сто­ел и ни­ко­гаш не­ма ни да по­стои, а нив­на­та по­ли­тич­ка иде­о­ло­ги­ја не е ни­што но­во. Од по­че­то­кот на ин­ду­стри­ска­та ре­во­лу­ци­ја и мо­дер­ни­за­ци­ја­та, без­мал­ку во си­те оп­штес­тва што по­ми­ну­ва­ле низ овие про­це­си, се ра­ѓал от­пор про­тив но­во­то оп­штес­тво и но­ви­те нор­ми на од­не­су­ва­ње. Ек­стрем­ни­те са­мо­на­ре­че­ни тра­ди­ци­о­на­ли­сти сво­ја­та инс­пи­ра­ци­ја че­сто ја цр­пе­ле од не­кое нив­но по­ед­но­ста­ве­но тол­ку­ва­ње на хри­сти­јан­ска­та бо­гос­ло­ви­ја, ис­ла­мот, евреј­ска­та те­о­ло­ги­ја, хин­ду-фи­ло­зо­фи­ја­та, бу­ди­стич­ки­те уче­ња, со при­ме­си на отво­рен рас­и­зам или ет­нич­ки на­ци­о­на­ли­зам. Впро­чем, вчу­до­ви­ду­ва кол­ку по­ли­тич­ки­те памф­ле­ти на акту­ел­ни­те ек­стре­ми­сти од Ис­лам­ска­та др­жа­ва се слич­ни со памф­ле­ти­те на мно­гу­број­ни­те ан­ти­мо­дер­ни­стич­ки ек­стре­ми­стич­ки гру­пи. Си­те овие пр­вен­ци на по­ли­ти­ка­та на зло­то се вљу­бе­ни во не­ка­кви ма­пи, ба­јра­ци, уни­фор­ми, сим­бо­ли и ри­ту­а­ли. Ве­ро­јат­но лич­на­та мо­рал­на, ду­хов­на и ма­те­ри­јал­на бе­да по­лес­но се под­не­су­ва ко­га по­е­ди­не­цот ќе се убе­ди де­ка е дел од не­кое дви­же­ње што ос­тва­ру­ва исто­ри­ски це­ли, под слав­ни ба­јра­ци и за ис­цр­ту­ва­ње но­ви гра­ни­ци.
Ту­ка не­ка­де тре­ба да го ба­ра­ме по­ри­вот за лич­на ра­ди­ка­ли­за­ци­ја и за при­дру­жу­ва­ње кон ек­стре­ми­сти­те. Дел од на­ши­те др­жав­ја­ни што жи­ве­ат ка­ко исе­ле­ни­ци во За­пад­на Евро­па се су­ди­ра­ат со мар­ги­на­ли­за­ци­ја­та и со ди­скри­ми­на­тор­ски­те пра­кти­ки во сво­и­те но­ви оп­штес­тва. Евро­па сѐ уште има проб­лем со ин­те­гра­ци­ја­та на мно­гу­број­ни­те но­ви до­се­ле­ни­ци, по­себ­но на пр­ва­та ге­не­ра­ци­ја исе­ле­ни­ци ро­де­ни во сво­и­те но­ви та­тко­ви­ни. Овие лич­но­сти че­сто не мо­же да си нај­дат свој дом и свое ме­сто во род­ни­те ме­ста на сво­и­те ро­ди­те­ли за­тоа што не се израс­на­ти та­му, ја­зи­кот не го збо­ру­ва­ат до­вол­но до­бро, а са­ми­те оп­штес­тва им се ту­ѓи. Во сво­и­те но­ви та­тко­ви­ни, пак, тие се су­ди­ра­ат со сопс­тве­на­та мар­ги­на­ли­за­ци­ја, но и со скри­е­ни­те ди­скри­ми­на­тор­ски и ксе­но­фоб­ни сен­ти­мен­ти на до­ми­нант­но­то на­се­ле­ние. Под при­ти­со­кот на овие про­ти­вреч­ни си­ли, еден мал дел од нив сво­јот по­ли­тич­ки дом го на­о­ѓа во пре­гра­тки­те на ра­ди­кал­ни­от ис­ла­ми­зам, кој има мош­не ед­но­став­но тол­ку­ва­ње и уште по­лес­ни ре­ше­ни­ја за си­те нив­ни­те проб­ле­ми.
Во Ма­ке­до­ни­ја, пак, очиг­лед­но има­ме проб­лем со оп­штес­тве­на­та и со по­ли­тич­ка­та со­ци­ја­ли­за­ци­ја. Се­мејс­тво­то, со­седс­тво­то, ос­нов­ни­те и сред­ни­те учи­ли­шта, ин­сти­ту­ци­и­те, по­ли­тич­ки­те пар­тии, ре­ли­ги­оз­ни­те ин­сти­ту­ции, ме­ди­у­ми­те, па и ком­па­ни­и­те очиг­лед­но по­тфр­ли­ле во слу­ча­јот на Бур­хан Бес­ли­ми. Ка­ко по­и­на­ку да об­јас­ни­ме ка­ко би­ло мож­но ед­но мом­че од Скоп­је да се ра­ди­ка­ли­зи­ра до тој сте­пен за да зе­ме пу­шка в ра­ка и да за­ми­не во не­по­врат за да се бо­ри во еден це­лос­но бес­мис­лен конф­ликт и за це­ли што не­ма­ат ни­ка­ква вр­ска со не­го­ва­та за­ед­ни­ца и со не­го­ва­та лич­на ид­ни­на. Тој на сво­и­те два­е­сет и три го­ди­ни тре­ба­ше да раз­мис­лу­ва ка­ко да си го до­о­фор­ми сво­е­то обра­зо­ва­ние, ка­ко да на­пи­ше по­до­бра би­о­гра­фи­ја и ка­ко по­до­бро да им се прет­ста­ви на ра­бо­то­дав­ци­те. Нор­мал­но, мом­че од таа во­зраст тре­ба да си ба­ра де­вој­ка и да ужи­ва во ноќ­ни­от жи­вот, со не­тр­пе­ние да го оче­ку­ва нат­пре­ва­рот на сво­јот оми­лен фуд­бал­ски тим на те­ле­ви­зи­ја или на три­би­ни­те, ре­дов­но да тре­ни­ра во сво­јот спорт­ски клуб или ре­дов­но да игра не­кој спорт со сво­е­то друш­тво, исто она­ка ка­ко што тоа го пра­ват по­ве­ќе­то од не­го­ви­те врс­ни­ци. До­кол­ку во не­го го­ре­ла страст за по­ли­тич­ка ак­ци­ја и за про­ме­на на не­го­во­то оп­штес­тво, то­гаш тре­ба­ло да се зач­ле­ни во не­ко­ја по­ли­тич­ка пар­ти­ја или да се акти­ви­ра во не­кој син­ди­кат, еко­ло­шко здру­же­ние или хор.
Но, на­ме­сто тоа, Бур­хан Бес­ли­ми бил за­до­ен од ек­стре­ми­стич­ка иде­о­ло­ги­ја во ср­це­то на Скоп­је и из­брал да го отфр­ли си­от свој жи­вот, а при­тоа ни­кој тоа не ус­пе­ал да го за­бе­ле­жи, да по­раз­го­ва­ра со не­го и да му го пре­до­чи чу­до­виш­ни­от из­бор што стои пред не­го. Пред Бур­хан Бес­ли­ми сто­ел жи­вот, со си­те сит­ни ра­до­сти и го­ле­ми пре­диз­ви­ци што ги ну­ди жи­во­тот во Скоп­је или ка­де би­ло во све­тот, а на­ме­сто тоа тој го из­брал без­и­ме­ни­от гроб во бес­па­ќа­та на Бли­ски­от Исток, нем све­док за ед­на бес­мис­ле­на смрт. Ете ток­му ту­ка по­фр­ла­ме ка­ко ор­га­ни­зи­ра­но оп­штес­тво. Фа­ктот што на ова по­тфр­ла­ат и мно­гу по­де­мо­крат­ски и да­ле­ку по­ор­га­ни­зи­ра­ни оп­штес­тва не ја на­ма­лу­ва на­ша­та од­го­вор­ност кон мла­ди­те лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја.
По­сто­јат ек­стре­ми­стич­ки кру­го­ви во Ма­ке­до­ни­ја, кои са­ка­ат да ги иско­ри­стат овие на­ста­ни за да го прод­ла­бо­чат ме­ѓу­ет­нич­ки­от и ме­ѓу­ре­ли­ги­оз­ни­от јаз во Ма­ке­до­ни­ја. На­ше­то оп­штес­тво има огро­мен праг на то­ле­ран­ци­ја, но се пра­шу­вам кол­ку ќе би­де­ме спо­соб­ни да ги со­чу­ва­ме ми­рот и де­мо­крат­ски­от по­ре­док до­кол­ку по­втор­но ни се слу­чи гро­зо­мор­но убис­тво, ка­ко она на Смиљ­ков­ско Езе­ро или не­кој друг сли­чен акт на ис­ла­ми­стич­ки или ка­ков би­ло друг те­ро­ри­зам. Ду­ри и ед­на ста­бил­на де­мо­кра­ти­ја ка­ко САД не ус­пеа да из­нај­де со­од­ве­тен ба­ланс по­ме­ѓу де­мо­кра­ти­ја­та и бор­ба­та про­тив те­ро­риз­мот, нор­мал­но за сме­тка на де­мо­кра­ти­ја­та и чо­ве­ко­ви­те пра­ва, кои до­би­ја вто­ро­сте­пе­на важ­ност во спо­ред­ба со бор­ба­та про­тив те­ро­риз­мот. За­тоа е по­треб­но јас­но да се раз­гра­ни­чи ис­ла­ми­стич­ки­от те­ро­ри­зам од ис­ла­мот во Ма­ке­до­ни­ја. Ис­ла­ми­стич­ки­от те­ро­ри­зам е кли­ца, ко­ја има по­тен­ци­јал да ин­фи­ци­ра ран­ли­ви по­е­дин­ци во Ма­ке­до­ни­ја што има­ат проб­лем да се со­о­чат со комп­лекс­но­сти­те на мо­дер­но­то оп­штес­тво и да про­нај­дат свое кат­че во не­го. Ис­лам­ски­от ка­ли­фат е исто тол­ку сме­шен и пом­пе­зен за мно­зинс­тво­то мус­ли­ма­ни во Ма­ке­до­ни­ја, кол­ку што би би­ла не­ко­ја гру­па што ќе прог­ла­си во­скрес­ну­ва­ње на пра­вос­лав­ни­от ви­зан­ти­ски ко­мон­велт од Охрид до Вла­ди­во­сток. Ис­ла­мот, пак, е тра­ди­ци­о­нал­на ре­ли­ги­ја во Ма­ке­до­ни­ја, чии вер­ни­ци се ин­те­гри­ра­ни во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво, по­ли­ти­ка и еко­но­ми­ја и кој е не­ра­скин­ли­во втка­ен во тки­во­то на на­ша­та др­жа­ва. Исто­то се од­не­су­ва и за по­ли­тич­ки­от ис­лам, од­нос­но ис­ла­миз­мот, кој ка­ко и се­ко­ја иде­о­ло­ги­ја или све­тог­лед до­а­ѓа во мно­гу ни­јан­си. Ед­на ша­ка бед­ни­ци, без раз­ли­ка на нив­на­та пре­тен­ци­оз­ност де­ка прет­ста­ву­ва­ат не­ка­ков нов ка­ли­фат, не смее ни­ка­ко да би­де по­и­сто­ве­те­на со ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни од ис­лам­ска ве­ро­ис­по­вед, кои за­ед­нич­ки го гра­дат сво­јот жи­вот со гра­ѓа­ни­те од хри­сти­ја­ни, Евреи, аг­но­сти­ци, ате­и­сти и дру­ги, ни­ту, пак, да би­дат по­и­сто­ве­те­ни со на­ши­те со­гра­ѓа­ни, кои се при­вр­за­ни­ци на по­ли­тич­ки­от ис­лам. Се­пак, не смее ни да се за­по­ста­ви прив­леч­но­ста на ис­ла­ми­стич­ки­от ек­стре­ми­зам, а ни­ка­ко не смее да се пот­це­ни по­тен­ци­јал­на­та опас­ност од нив­ни­те ак­ции во Ма­ке­до­ни­ја.
Ма­ке­дон­ски­те без­бед­нос­ни служ­би зас­лу­жу­ва­ат се­ка­ква по­фал­ба и под­др­шка за нив­на­та се­којд­нев­на бор­ба со но­си­те­ли­те на кли­ци­те на ис­ла­ми­стич­ки­от ек­стре­ми­зам во Ма­ке­до­ни­ја, но си­те ние во Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да се за­мис­ли­ме ка­ко да ја за­бе­ле­жи­ме и да ја спре­чи­ме ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та на на­ши­те мла­ди лу­ѓе, да­ле­ку пред да нѐ шо­ки­ра ве­ста за бес­мис­ле­на­та и бес­по­треб­на смрт на еден наш со­гра­ѓа­нин во бес­па­ќа­та на ед­на не­среќ­на зем­ја, а под ба­јра­кот на ед­на чу­до­виш­на иде­о­ло­ги­ја.
По­крај без­бед­нос­ни­те служ­би, кои и она­ка се пре­на­прег­на­ти во бор­ба­та про­тив ова оп­штес­тве­но зло, и це­ло­то ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво ќе се со­о­чи и со вра­ќа­ње­то на бор­ци­те од ис­лам­ски­от ка­ли­фат во Ма­ке­до­ни­ја ко­га ќе за­вр­ши оваа епи­зо­да на Бли­ски­от Исток. Дел од нив во пе­со­ци­те на Ме­со­по­та­ми­ја ќе се су­драт со ап­сур­дот на сво­ја­та по­стап­ка и та­му и ќе ја оста­ват оваа мон­стру­оз­на иде­о­ло­ги­ја. Но, за дел од нив ова ќе би­де вр­вот на нив­ни­от жи­вот и нив­но нај­го­ле­мо жи­вот­но по­стиг­ну­ва­ње. Овие не­среќ­ни­ци ќе про­дол­жат да збо­ру­ва­ат за сво­и­те слав­ни по­хо­ди, кои со се­ко­ја из­ми­на­та го­ди­на ќе ста­ну­ва­ат сѐ по­го­ле­ми и по­хе­рој­ски, а, за жал, ве­ро­јат­но дел од нив и ќе би­дат спи­ја­чи, кои ед­вај че­ка­ат да се раз­бу­дат и да при­ста­пат кон апо­ка­лип­тич­ни сце­на­ри­ја за де­ста­би­ли­за­ци­ја на ми­рот и по­ре­до­кот во Ма­ке­до­ни­ја. Со овој проб­лем, по­крај Ма­ке­до­ни­ја, ќе се со­о­чу­ва­ат и си­те европ­ски оп­штес­тва ка­де што по­сто­јат ни­кул­ци на ис­ла­ми­стич­ки­от ек­стре­ми­зам, па оваа за­ка­на уште дол­го ќе би­де ме­ѓу пр­ви­те на ра­да­ри­те на без­бед­нос­ни­те служ­би. Рол­ја­та на на­ше­то оп­штес­тво е да про­нај­де на­чин да се спре­чи и огра­ни­чи по­ја­ва­та на тре­та или на че­твр­та ге­не­ра­ци­ја ис­ла­ми­стич­ки ек­стре­ми­сти, до­кол­ку ја оз­на­чи­ме ка­ко пр­ва ге­не­ра­ци­ја онаа што ста­су­ва­ше под ба­јра­кот на Ал Ка­е­да и Оса­ма бин Ла­ден, а ка­ко вто­ра акту­ел­на­та ге­не­ра­ци­ја ис­ла­ми­стич­ки ек­стре­ми­сти, кои сво­е­то ог­не­но кр­ште­ва­ње го има­ат на бо­и­шта­та на Бли­ски­от и Сред­ни­от Исток. Овој пат не смее да доз­во­ли­ме по­втор­но да по­тфр­лат на­ши­те ин­сти­ту­ции, она­ка ка­ко што очиг­лед­но по­тфр­ли­ле во слу­ча­јот на Бур­хан Бес­ли­ми.
Бур­хан Бес­ли­ми тре­ба­ше де­не­ска да раз­мис­лу­ва за ве­че­раш­ни­от со­ста­нок со сво­ја­та де­вој­ка и за утреш­но­то сле­де­ње на нат­пре­ва­ри­те во Пре­ми­ер-ли­га­та со сво­и­те при­ја­те­ли. За жал, жи­во­тот на Бур­хам Бес­ли­ми ис­па­ри во пу­стин­ски­те фа­та­мор­га­ни на ис­лам­ски­от ка­ли­фат. Уште кол­ку ли са­мо мла­ди Ма­ке­дон­ци ќе го ис­пи­шат сво­е­то име на епи­та­фот на оваа гро­зо­мор­на иде­о­ло­ги­ја пред таа ко­неч­но да си го нај­де сво­е­то ме­сто на бу­ни­ште­то на исто­ри­ја­та?

Автор: Ивица Боцевски