По посетата на Зоран Јолевски на Бугарија, каде што настапи безмалку како уставно свето тројство (самодржец), јас не гледам веќе никаква разлика меѓу политиката на свиткан ’рбет што ја обелодени Зоран Заев и актуелната на „исправените ем горди“ вмровци. Боже златен! На човеков, демек „македонскиот официјален патриот“, домаќинот му истури куп навреди на сметка на македонскиот народ, му испорача стоотстотен ултиматум и уцени, а тој произведен во халите за производство на бројлер-лидери во Вашингтон, па насаден во Македонија, со двојно државјанство (тамам да може, како Михаил Саакашвили, да фати „тутањ“ кога ќе треба да ги бере плодовите од својот патриотски труд) и куќетина од 600.000 евра, деташирано семејство и којзнае уште што не, не се ни зацрвени од гнев.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72514947413&id=13&prilog=0&setIzdanie=23234