vecer.mk/?ItemID=A25E76A66484A04186DA5EDEB2E9BCD2
1. “Како зборува еден деспот” е насловот на колумната на Ерол Ризаов. Нормално, му се обраќа на “деспотот” Никола Груевски.
Одговорот на оваа колумна би требало да носи наслов “Како зборува еден идиот”, бидејќи идиотски е да зборуваш за деспот, деспотија, режим, медиумски мрак и слично, а да можеш да практицираш слободно пишување секој делник во “Утрински”. И да можеш да се појавуваш на телевизии и во дебатни емисии. Логиката на исказот е она што го тепа Ерола. Нема логика во она што го пишува. А кога нема логика, тогаш е идиотизам.
2. Ерол Ризаов зема пола плата од омилениот бизнисмен на Груевски”, значи од Орце Камчев. Другата половина му е од блискиот пријател на братучедот” на премиерот, Сашо Мијалков, кој се вика Срџан Керим. Така да, излегува дека Деспотов” го плаќа со деспотски пари овој борец против деспотизмот преку свои деспотски познаници?! Деспотските пари не му пречат на Ерол Ризаов?
3. И трето за Ерол Ризаов. Подолго чекаме сите во Македонија да го чуеме ставот на овој новинар, ептен близок до олигарсите на Бранко Црвенковски, во врска со името. Може да пише кога сака, од понеделник до петок. Важно е да видиме што мисли тој.
4. Поделбата кај новинарите продолжува. Сега покрај соросовите и провладините новинари, добивме и групација Монархистички новинари. Ројалисти, демек. Тие се оние како што е Мухамед Зекири од Алсат, Душко Арсовски од МТВ, Соња Крамарска од Утрински весник и други што на сметката на холандската круна се рашетуваат по Холандија.
5. Јове Кекеновски изјави дека ќе чекал подобри времиња кога професионалците и стручните ќе можат да ги покажат своите квалитети. Има право. Во Велково е зафатено со Ферус. Треба да проба во Ханибал или во Гоце 2000. Таму можеби фалат професионалци што треба да си го покажат квалитетот.
6. Ленче Николовска 7 дена нема напишано статус на Фејсбук. Кире Наумов исто, со исклучок на постот за кинеската свиња што бега од камион. Пендаровски исчезна. Солза Грчева последен пат се јавила на 1 јуни. Зоран Заев не постирал од 22 мај. Шеќеринска не пишува од 6 март. Етеее, кога јагнињата ќе стивнат… Време е за годишни, се пакуваат за грчка”. Парола: Грчка, грчка мој те прчка.
7. Јани Макрадули јавно да биде замолен повеќе да не биде Комита, ниту, пак, да навива за КК Работнички. Инаку, ни на ФК ни на КК ќе им појде доколку не се откачат од туќумов.
8. СДСМ наликува на култниот лик од скопскиот асфалт познат како Орце Сељакот од Дебар маало. Орце е уличар и силеџија што постојано, уште од југословенско време, е тепан од полицијата. Никогаш не победил во тепачка. Само го тепаат. Кој како стигне, во серија. Квалитетот” на Орце Сељакот е во издржливоста и глупиот инат. Имено, и кога го тепаат, тој паднат на патос со двете раце се обвива околу ногата на тој што го мава и ако има сили, го гризе. Проблемот е што од толку ќотек Орце Сељакот го има загубено и тоа малку ум што го имал. Пореметен е од мавање, исто како и СДСМ.
9. Путин за Хилари Клинтон тврди дека не била грациозна. Апсолутно е во право. Затоа Бил си ја најде Моника Левински. Онака, грациозно, за под работниот астал.
10. Горан Михајловски од 4-те точки во својата колумна, 4-те ги посветил на Никола Груевски. Онака, ударнички. За бегањето на Заев и Шеќеринска од новинарите известувачи, ништо. За продажбата на акциите што Кираца ги имаше во Фершпед ништо. Само за Грујо, бе.