РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ МЕРИ И МАРИЕТ

РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ МЕРИ И МАРИЕТ

Разликата помеѓу женски опинок и дама можеше нагледно да се види баш во последниве 24 часа!
Во Македонија егзистира лик што се одзива на името Мери Јордановска. Си мисли дека е новинарка. Да потсетам, тоа е оној лик што во емисијата на Јанко Бурек го исплука Велија Рамковски, кажа се за како тој функционира неплаќајки придонеси за новинарите, како забашотува плаќање кон клиенти и слично. Да потсетам, само кратко после тоа, таа се врати под скутот на Велија извршувајки ги најгнасните рекетирања за негова сметка.
Е, таа и таква Мери, женски опинок, мои фејсбук статуси напишани со иронија, шега, скопски мајтап, ги третираше како сексуално малтретирање. Пишуваше дека со тоа сум ја малтретирал нејзината фамилија!!! Само еден пост, на кој имаше нејзина слика која не беше фотошоповски измонтирана и изманипулирана, и текст составен од еден збор “Чежња“, за “новинаркава“ беше мотив да ме пријави во полиција кај извесен инспектор Шабан за сексуално малтретирање. Цели насловни странаци на петпарачкиот Слободен печат беа преокупирани со фотографии од Миленко и новинарското “истражување“ дека Миленко наместо кај инспектор Шабан, јадел бурек (четврт со месо) на улица Ленинова. Особата која за сметка на Велија Рамковски, заедно со нејзиниот “колега“ Мишко Иванов, ги измалтретира на велико граѓаните од Македонија, се жалеше дека јаs ја малтретирам. Мери се закануваше со тужби, со гонења и со силни други глупости, но до ден денешен нема ништо од тоа. Уште едно велијарамковско-соросоидно фолирање.
За разлика од Мери, Мариет во манир на дама, го цитираше Волетр. Стави до знаење дека ја гледала емисијата каде што сум гостувал, слушнала што сум кажал, и разбрала која ми е намерата. Во истовреме, во кратки две реченици поентираше во духот на желбата за слободно новинарство и слобода на израз во Европа. И на сите новинарски фашисти во Македонија што инсистираат на кривични пријави, тужби, затвори, гонења заради искажан збор и мисла, им врза шамарчина со цитат од Волтер. Цитат за луѓето што сметаат дека треба да се збарани искажан збор, напишана мисла… Иако моите зборови за Мариет беа многу поексплицитни, отколку зборчето за Мери, таа покажа дека е дипломат, дама и човек… И дека е особа која размислува, која знае што е политика. Како и ОЈО во Македонија што со официјален одговор му го покажа местото во магарешката клупа на Бранко Героски, така и Мариет не си дозволи да се бламира со официјални соопштенија или изјави, туку пораката ја прати преку неформалниот фејсбук.
Па така Мери, да си знаеш: дама се раѓа, не се прави. Исто како и сељанка.

Миленко Неделковски
Скопје, 00.40 часот
17 Мај 2014