ФРАНЦИЈА БИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Ако било кој си мисли дека изборите во голема, моќна и нуклеарна сила како Франција се во било што по различни од оние во малата Македонија – се лаже. Односно, како што би испеал Балашевиќ: “принципот е ист – се останато се нијанси“.

Борбата за тоа кој ќе биде 10-тиот Претседател на 5-тата Република болува од истите болештии како и изборите во Македонија или Србија, референдумите во Шкотска или Турција, резултатите во САД или Унгарија.

Прво, во трката има “забављачи“ од типот на нашите Пајо (Павле Трајанов) и Стојанка (Стојанче Ангелов). Со тоа што бидејки Франција е поголема држава, ги има повеќе. На пример кандидат е Жан Ласал кој бил градоначалник на селце со 160 жители на Пиринеите и кој е член на свесткото здружение на луѓе што живеат во планински местенца. Потоа, кандидат за претседател на Франција е и Никола Дипон, кој е личен пријател на Најџел Фараж. Потоа, кандидат е и следбеникот на политиката на американскиот дисидент Линдон Ла Руш, Жак Шаминад кој се залага да се колонизира Марс, индустријализира месечината, а во исто време ја онбвинува Британската кралица Елизабета дека е криумчар на дрога. Доказ дека не бива држава без комунисти докажува и кандидатурата на Натали Артуд на која и е малку што е комунст, па дополнително таа и партијата се итроцкисти.

———————-

Неколку куриозитети носат овие избори. Имено, тоа ќе се први избори во 58 годишната историја на 5-тата Република (од нејзиното заживување 1958-ма) каде постоечкиот претседател нема да се кандидира на изборите да биде реизбран. Франсоа Оланд, шефот на Мадам Оер – амбасадорката на Франција во Македонија, го има достигнато рекордот на сите рекорди во непопуларност во својата држава. Го има надминато и ненадминливото на Николас Саркози.

Потоа, ова ќе се избори каде, евентуалниот иден победник Емануел Маркон, ќе нема ниту еден свој претставник во францускиот прламент. Па, нема да се знае кого ќе кандидира, и дали воопшто има некого да кандидира, на претстојните парламентарни избори во Франција во јуни. Тој, интересно, има претседателска кампања без претседателска програма!
Или, доколку победи Марие Ле Пен, тоа значи дека Франција ќе има Претседателка, прв пат во историјата. Но Претседателка која има занемарлив број пратениците во парламентот на Франција!

Значи, Франција се соочува со проблем да добие Пртеседател кој нема да има Влада. Ниту пак ќе има мнозинство во Парламентот. Што по дифолт значи парламентарна и уставна криза уште на почетокот од претседалствувањето.

Токму и затоа, кандидатот Жан Лук Меланхон бара формирање на 6-та репуублика, бидејки 5-тата е комплетни исцрпена.

——————————

Трката за тоа кој во недела на 23-ти април ќе ги освои првите две места што водат во вториот круг на гласање кое ќе се одржи на 7-ми мај, има свои фаворити.
Секако, најистурен напред е лидерката на “Националниот фронт“ Марие Ле Пен. Таа се залага за редефинирање на односите на Франција со Брисел, комплетно нов догвор до ниво на повлекување на Франција од ЕУ, а било кое решени за таа работа да оди на сенароден референдум. Потоа, таа се залага за автоматско набркување на илегалните имигранти и за лимитирање на нивниот прием во Фрнација на бројка од 10.000 годишно. Исто така, таа инсиситира на комлетно затворање на сите екстремистички џамии во Франција.

Нејзиниот главен опонент, според мејн стрим медиумите, е Емануел Маркон. Доколку биде избран, тоа ќе е најмладиот претседател на Франција на сите времиња. Маркон има “трај-прај“ политика на не бранување и ветувања од типот на оние на Оланд.

Но, според многу аналитичари, главниот конкурент на ле Пен не е Маркон, ами републиканецот Фрнсоа Филон. Овдека во Франција постои огромно сомневање дека медиумите и големите корпорации работат против Филон и дека ги штелуваат анкетите. И франција си има свои “Рејтинзи“ и “ѓоргиспасови“. Филон се залага за симнување на блокадата кон Русија, но и да му се помогне на Башар Ал Асад да ги порази силите на “Исламската држава.

——————————–

Она што е најдраматично во претседателскат трка во Франција, што вироусот на не признавање на резултатите на победникот (како и во САД, Македонија, Србија, Турција…) веќе е активен. Активирани се сите сили на “незадоволниците“ кои ќе еруптираат по Шанзелизе и другите имиња на улици и градови во Франција. Незадоволници од резултатите, за кого и да е, какви да се.
Оти нели, принципот е ист, се останато се нијанци. Во случајов, француска нијанса.