Сега, вака славеничи, на денот на Богојавленије, да се потсетам колку пати сум кажал на ТВ и напишал во текстови дека ЕУ, Еврозоната и Шенген многу бргу ќе се распаднат.
Иако, имаа ептен лизни-мазни спотови како е тоа многу јако што се они у Шенген, а дивите племиња надвор од таа зона.
Секако, многу добро се сеќавам на поранешните подопашници на ЦК во бившата држава, а сега најголеми проевропјани (Ризаов, Героски, комплетната редакција на Утрински, Фокусовци и слични) како се исмеваа со моите тврдења. Тие не разбраа дека јас си размислувам со отворен ум, без предрасуди. А тие воопшто не можат да размислуваат доколку немаат наредба од некој центар.
И еве, од вчера си дојде на моето.
Од вчера Шенген е мртов. Финито.
Па наместо промо спотови, еве што се дешава во реалноста во земјите од (бившиот) Шенген:
Колку што досега можев да прочитам, добитникот на ЕУ наградата Ерол Ризаов нема збор напишано за ова?!
Оној што постојано гладува Мисини, никако да погладува малку во корист на католичките германци.
Меџунардните рубрики на домачите медиуми, некако тивко шепотат.
Каму колумна, констатација, прва вест, насловна. ШЕНГЕНСКАТА ЛАЖГА – ПРОПАДНА.
Колку шт