Tranquilo би рекле шпанците. Тивко демек, мирно, полекичка…
Тоа се постовите на ФБ а и пораките низ колумните на порталите на поддржувачите на победничката опција во државата. Луѓето си имаат парламентарно мнозинство, пратениците на ВМРО ДПМНЕ не им се спротиставија во пеење странска иреденстистичка химна и насилно прогласување претседател, Иванов им додели мандат – значи, победници.
Јас на 11-те декември вечерта, кога резултатот се ломеше околу тоа кој ќе има 51, 52 или 50 пратеника напишав дека на победникот, кој и да е, треба да му се честита. Тие што тогаш за таков мој пост дебело ми замерија, 5 месеци подоцна им ги дадоа печатите и кабинетот, им го признаа легитимитетот и еве конечно го промовираа во премиер човекот кој е со сериозни ментални проблеми. Мирка Велиновска би напишала: “Заев не го прозивам заради дијагноза“.
Tranquilo порачува Веле Митановски, бара Бранко Героски, гарантираше Заев… И се така.
Демек се бара да има мирен трансфер на власта. Да нема немири, буричкање, незадоволства…
За што всушност се работи?!
ЕУроатлантските сценаристи сакаат Македонија на брзина и на сила да ја набутаат во НАТО со сменето име. За таква операција најмалку од се им одговара тензија, немири, незадоволни граѓани… Напротив, странските газди, планираат мирно да не пренесат жедни преку вода. Визната либерализација ќе остане, ќе ни дадат уште некое шарено бонбонче. ВМРО ДПМНЕ му остава буџет на Кире Наумов со 180 милиони евра. Плус меѓународната ќе го одврзе ќесето како поддршка на Заев, субвенции ќе исплатат. Навистина, нема да има 500 евра минимална плата, ама ќе се обидат тоа ветување да го заборавиме.
Сметам дека и атрактивни апсења на капиталци од досега владеачката партија нема да се на агендата, барем додека не се исполни зацртаното. Окупација на Македонија од НАТО и префаќање на вирусот наречен Стокхолмски синдром.
На меѓународниот планер не му требаат тензии заради некој недокажан и апсурден криминал за кој има индиции од нелегално снимени разговори. Патем, каде се снимените разговори што Бате Саше и Грујо ги снимале?! Ниту еден нема, така?! Нели беа луѓево јавно обвиниети, дури и од амбасадори, дека го снимале својот народ и политичките противници?!?!?!? Еве, две-и-пол години – ништо.
Глутницата од СДСШ сака крв, глави, преки суд… На тоа се навикнати, тоа им е наследство од татковците и дедовците кои така судеа од 1945 па наваму. Без докази, без правна процедура – онака, од ракав. Како Ченто, Панко…
Заев е на ланец, како пудлица. Стопанот со ланецот е во Брисел.
Заев ќе мора да се бори помеѓу две барања. Оние од своите и оние “големите“ од надвор.
Он е послушен џак. Ќе работи такака како што газадата му кажува.
Или, вежи коња где ти газда каже.