Вчера и денес, можете да си проверите, јас проверив, на сите социјални мрежи, на сите медиуми и во сите информативни гласила бев ЕДИНСТВЕН кој го повика Ѓорѓе Иванов да преземе акција и да ги амнестира ВЕДНАШ браќата што ќе бидат судени за Македонија.
Исто така, бев ЕДИНСТВЕН што жестоко го критикуваше и прозиваше зошто тоа не го прави.
Единствен. Никој друг немаше таква сила, храброст, решеност и аргументи.
Во вечерашново гостување на Канал 5 и НОВА, Хорхе се фокусираше на одговорите точно на таа проблематика. Интерсно, никој друг не го прозва. Само Миленко. И, човекот мораше да одговара на прашања и барања поставени на една ФБ фан страна.
Интересно, мајката, како ниту еден “колега“ или медиум не се сети да го постави овој вапрос?! Сите ли сте продадени, уценети, уплашени?
Но, вистината боли дури и кога не е пласирана од конгломерат на медиуми, туку од еден новинар. Вистината е непријатна дури и кога не е на телевизии, весници, портали, партиски соопштенија – ами само на ФБ.
Вистината е дека сме предадени.