Во Македонија НВО-ата можат да роварат, да не бидат прашувани за ништо, можат да трошат кеш пари на кои не им се знае потеклото… Може да прават хаос, да лажат, да манипулираат… Никој не може да им застане на патпт на деструкцијата. Поддржани се од амбасадата на САД и од луѓе што не и мислат арно на Македонија. Дел од нив се заблудени, но најголемиот дел се добро платени токму од тие невладини организации.
http://youtu.be/xNIOgujwuHI
Но, од друга страна, истата држава која се залага за безвластие во Македонија кога се во прашање НВО-ата, на својата територија е максимално рестриктивна. Во САД има вкупно 4 (ЧЕТИРИ) странски невладини организации. Невладините организации МОРААТ да се регистрираат во Министерството за правда на САД и тоа во одделот за контрашпиунажа.
Златко Ковач дава детален опис за како функционира тоа во САД преку објаснувањето дека “Миленко, тоа што го дискутираш е базирано на следниов закон – Foreign Agents Registration Act (FARA). Мораш јавно да кажеш чив “агент“ си, односно да кажеш за кого работиш – за која странска влада, политичка партија, личност или организација. Исто така, според FARA, мораш да даваш периодечен отчет за тоа во каква врска си со тој за кој што работиш, да доставуваш информации за твоите активности, фискални сметки и трошоци. Терминот “агент“ се однесува како на индивидуални лица, така и на корпорации и асоцијации“.
Понатаму Ковач вели “Додатно, мораш да добиеш дозвола од конкретната држава во САД во која сакаш да работиш. А во САД има 50 држави, па сега ти види каква документација ти треба ако сакаш да ја шириш активноста. Да не заборавам, плаќаш данок на парите што ги добиваш (иако можеш да конкурираш за тоа да бидеш изземен од оданочување ако постои договор меѓу САД и државата/владата/партијата/личноста што ја претставуваш)“.
Во САД има само една (ЕДНА) НВО што е финасирана од Русија.
Оттаму, Република Македонија би требало да го следи примерот на нашиот “стратешки партнер“ па да го ископира законот за НВО и да го спроведе. И на ист таков “американски“ начин да ги третира. Во инкорпорирање на овој закон, нашата Влада може да побара помош и од Пол Волерс, како акредитиран претсавник на нашиот “стратешки партнер“.
За потсетување, апсолутно слични закони за странските НВО организации имаат и Британија, Франција, Русија, Германија… Веројатно тоа не се глупави држави штом на тој начин ја третираат оваа општествена рак рана наречена НВО.
Повеќе информации за отворање на НВО во САД имате на http://www.fara.gov/ .
Previous Post: УКРАИНСКА БАЛВАН РЕВОЛУЦИЈА
Next Post: ФАШИЗМОТ ПОВТОРНО ТРЕБА ДА СЕ ПОРАЗИ