Жителите на проруските делови од Украина, оние на исток од земјата, не помислуваат на прилагодување кон заклучоците за Украинската криза објавени вчера по 4-страните преговори во Женева.
Во Доњецк, главниот град на Донбас, граѓаните немаат намера да ги напуштат и предадат зазементи државни институции. Такво е расположението на целата оваа територија која од север на југ е долга над 250 километри и излегува на пристаништето Мариупол на Азовското море. Териториата на Донбас, покрај со Азовското море, има долга граница и со самата Русија.
Целата таа источна граница, заедно со територијата на Луганск природно е наслонета на мајката Русија, односно на градот Ростов на Дон, а оддтаму води патот кон Волгоград. Волгоград, поранешниот Сталинград, а пред тоа Царцин, е град на поносот и јужниот крај на Хитлер и нацистите. Срениот крај била Москва, а северниот крај на нацистите бил Ленинград (Петроград).
На 11 мај Донабс излегува на реферндум, ист како оној на Крим. По референдумот, граѓаните на оваа територија ќе бараат помош од Русија. Прашањето на референдумот, барем засега, е дефиниранко како “Дали сакате Донбас да биде дел на Украина или на Русија“.
Всушност, прашањето е дали населението сака да живее во држава што ја водат наследниците и поддржувачите на нацизмот и фашизмот, или пак ќе бидат на страната на антифашистичките сили, победнички во Втората светска војна.
18-ти Април
20.00 часот