ГЕРИЗ ФЕЈК ЊУЗ

ГЕРИЗ ФЕЈК ЊУЗ

Залудно американските мејн стрим медиуми се чудеа како во тој таму некој мал Велес, во таму некоја далечна и мала Македонија, група тинејџери измислила “Фејк Њус“ и му овозможил на Доналд Трамп да ја победи Хилари Клинтон?!

Американците и не знаат дека нашите соросоидни медиуми со децении фабрикуваат “Фејк Њус“, до ниво да веистината стана најголема жртва. Така да младиот нараштај од Велес имал каде да учи и научи. Доволно било да ги следат соросоидните медиуми во Македонија и нивните сопственици и уредници. Перјаница во тоа “Фејк“ новинарство, секако, е Бранко Героски – Гериз.

Тоа е човек кој има затворено и пропаднато најголем број медиуми и медиумски проекти во Македонија, вклучително и авторска телевизиска емисија на телевизиајата на неговиот пријател Велија Рамковски.

Воедно, тоа е човек кому ниту една анализа или прогноза не му се оствари. Ниту една.

“Тендер за субвенции“ новинарството во последните 30 дена се занимава со гледаноста на мојата емисија, што од 13-ти јануари оваа година се пресели на Алфа ТВ. Со термин во петок навечер.

Насловите со кои Героски ја следи “гледаноста“ на мојата емисија се: “Шоуто на Миленко на Алфа најнегледано“, па потоа “Миленко пак фенерџија“, или последното “Тапа гледаност на шоуто на Миленко“ …

Според овие наслови, неистомислениците на Миленко и неговите медиумски противници можат да здивнат. Бидејки нели како “фенер“, “тапа“ и “најнегледан“ не може да е битен и да е фактор во јавното мнение во Македонија. Значи, раат за Героски, Трајчевски, соросоидите…

Е ама, изгледа дека не се раат?! Зошто инаку, за емисија која е фенер и тапа, а башкам и најнегледана, би требала да има ударни кавер наслови кои на странциата на порталчето на “Фејк Њус“ уредникот стојат по две денонокиа?!  Зошто, побогу?! Па нели е негледана?!

 

ЛАЖИ и ПРЕВАРЕ

Но, како и секоја лажна, односно “фејк“ вест, и овие на Героски се соочуваат со вистината.

Па така, вистината вели дека кога ќе се прочита најновиот “документ“, кој во текстот имплицира дека е даден од АГБ Нилсен, нешто опасно смрди. Веројатно како што смрдел Героски, кога морал во НИП Нова Македонија да се сосатне колегиумот во 80-тите години на минатиот век, за да му открие на дојденецот дека е дозволено и повеќе од еднаш неделно да се бања, или барем тушира.

Значи, документот. Прво тоа не е документ што го дава или издава АГБ Нилсен. Такви документи оваа компанија не издава. Тоа е еден очебиен фалсификат.  Тоа се гледа од почетокот на самиот документ кој кажува дека е обработен периодот од 30 јануари до 3-ти февруари. Но веднаш после тоа стои емисија која е од 5-ти февруари?! Невнимание на тој што го “стварал“ документот?  Лага, која се чита веднаш? Монтировка? Што е?

 

Второ, овој “домумент“ третира конкурентност на емисии во различни денови и што е уште поважно во различни термини.  Првите две емисии од наведените 4, немаат битка со турски серии. Оној што претендира да разбира ТВ бизнис и рејтинзи во Македонија, сигурно знае што значи термин во кој Сител премиерно емитува турска серија.

Да се изразам со англискиот на Вук Драшковиќ: “Донт микс гренмадрс енд фрогс“.

И трето, гледаноста баш на таа моја емисија кој е наведена како тапа не е 8.87%, туку 8.99%. Не е некој голема разлика, но “грешката“ не била да покаже повеќе (над 9%), ами помалку! И, таа “тапа“ емисија се разликува од “не-тапа“ емисија за околу 1.000 гледачи. Односно “тапа“ е кога имаш 61.000, не е тапа ако имаш 62.000 гледчи! Математика како онаа “парламентарната“ каде 49-те на Зев се повеќе од  51-те на Груевски.

 

КОЈ ДЕН СЕ ВАЖИ?

Создавачот на “документот“ што како “Фејк Њус“ Гериз го става како крунски доказ дека емисијата на Миленко била тапа, ја посочил емисијата “Топ тема“ од 31.01.2017 – вторник што оди во 19часот и 15 минути. Напоменувам, тоа е термин што не се судира со најгледаните турски серии на Сител.

Па, прашањето е, зошто “документов“ ја третира емисијата од вторник, а не, на пример, онаа од среда, четврток или пак од петок, ден кога оди и мојата емисија?!  Одговорот е многу прост! Тогаш, “Топ тема“ е со помала гледаност од “Миленко Неделковски шоу“. Или во бројки: Мојата емисија од таа седмица има гледаност од 8.99%. Топ темите имаат гледаност: 8.81% во понеделник, 9.92% во вторник, 9.37% во среда, 8.32% во четврток и 8.74% во петок. Во однос на  три од петте Топ теми имам подобра гледаност. Плус, емисиите “Топ тема“ кои кореспондираат со денот кога се емитува мојата емисија (петок и четврток), се по не гледани. Па, зошто овие “кромид“ новинари не ставиле да “мерат“ друга емисија на “Топ тема“? Ете, најкоректно би било да е од истиот ден. Зошто? Е па затоа што тогаш наместо “Топ тема“, според критериумите на Гериз, тоа би било “Топ тапа“.


КОИ ТЕЛЕВИЗИИ ВАЖАТ?

Ако се продолжи со анализа на овој тип на “Фејк њуз“ новинарство ќе се види дека емисиите што беа наведени како компетиција на мојата емисија во првиот и вториот текст на Гериз (18 и 23 јануари), волшебно ги снема во последниот текст (6 февруари). Па така ја снема емисијата “Анализа 24“, а една недела подоцна и “Аргументи“?! Што така?

Ако е оправдувањето дека тоа не се “само Национални телевизии“, тие такви не беа и пред три и пред 4 недели?! Сега ли дозна производителот на “документот“ дека тие не биле национални?! Или сега бројките не му одговараат како пред 20-тина дена?

 


НОВИНАРИ МИЛИОНЕРИ

Секој новинар носи свои гледачи, ама ги наследува и оние од телевизијата и терминот на телевизијата што си ги имала. Значи не се сите гледачи мои или на било кој друг водител или автор.

По гледана телевизија (Сител) сама по себе на авторот му носи повеќе гледачи од онаа што е далеку помалку гледана (Телма).

Мојата емисија која е без спонзор и без надомест од матичната телевизија (Канал 5, а сега Алфа) се натпреварува со емисиите на ТВ Нова на исклучително успешниот и богат бизнисмен Сеат Кочан, со телевизијата Телма на супер богаташот Андреја Јосифовски, со телевизјата 24 Вести на Зоран и Вице Заеви… Или, со “360 степени“ на Алсат М која доби буџет од Еден милон евра. Еден проект – милион евра. Во ваква “финасиска конкуренција“ имам резултат кој ги руши сите пари што колегите милионери ги имаат земено.

 

НЕВИДЕН РАСТ

Крајно, емисијата Миленко Неделковски шоу, натпреварувајки се на 20-ти јануари со инаугурацијата на Доналд Трамп имаше рејтинг од 0.54%. Исклучително лоша гледаност иако имав атрактивен гост. Веќе на 3-ти февруари, гледаноста ми беше 8.99%. Таков раст на гледаност за само две недели, за само 14 дена, за само две емисии, не памети Македонскиот телевизиски етер. На пример, ТВ Нова со сите усилби, кадри, пари, опрема, гаџети, гости, автобуси – студија, за една година успева да стигне до рејтинг 1% . Миленко сам, од “пола“ процент до 9 проценти. Таков друг пример нема. Ниту ќе има.

 

ПОУКА ОД АВТОРОТ

Но, да не се змараме понатаму со оваа фенерџиска, тапа емисија која нема гледаност.

И да не се замараме и со другите политичко-дебатни емисии со гледаност од 20 до 120 илјади гледачи. Бидејки турската серија на Сител има 400 иљадарки. Ете ти гледаност!!!

 

 

Миленко Неделковски

 

08.02.2017