Во ова време кога се‘ се наплаќа, кога само парата зборува, Дудинка ви нуди БЕСПЛАТНО начин како да спречите било какво прислушкување на вашите телефонски, вибер, месинџер, меил и слични комуникации.
Во основа, како и сите генијални пронајдоци, и овдека се работи за прост но делтворен измум. Изумот има неограничена гаранција. Важи вечно.
Се вика: ИСКРЕНОСТ.
Изумот за попречување на прислушкувањето ИСКРЕНОСТ не можат баш сите да го користат, и тоа е единствениот прoблем со овој пронајдок.
Пронајдокот ИСКРЕНОСТ функционира на следниот начин: Земате слушалка од телефон (или земате мобилен телефон, или пишувате нешто на Вибер или меил…) се вклучувате во комуникација со другата личност која исто така не сака да биде прислушкувана и ГОВОРИТЕ ВИСТИНА. Односно, ја говорите онаа работа што ја мислите. Па така, доколку и утре во комуникација со колеги на работа, шефови, политичари, џандари, кодоши, амбасадори ја ГОВОРИТЕ истата ВИСТИНА, тогаш прислушкувањето нема сврха и оваа апаратура го претвара прислушкувањето во непотребен процес.
MANUEL: Доколку со соговорникот говорите едно, а утре друго зборувате по ходници, шепотите на уво или изјавувате на прес конференција – апаратов ИСКРЕНОСТ не функционира. Односно одма се расипува, не може да се поправи, нема сервис и не се примаат поплаки од муштериите. За такво погрешно работење со апаратурата, производителот не предвидува да важи гаранцијата.
Срекни Новогодишни и Божикни празници од екипата на Дудинка.