8-мо априлската шега на Мицкоски

8-мо априлската шега на Мицкоски

Искрено, мислев дека Мицкоски ги има малку збунето датумите кога изјави дека “очекува во среда да и се изгласа недоверба на владата“! Сепак, изјавата ја даде на 8-ми април, а тоа е само една недела подалеку од 1-ви април. Си викам, со таков PR што го има, можна е и ваква забуна. Бидејки се друго би наведувало на тоа дека користи лоша адреса на Дижонска.

Ова погоре се продлабочува и со податокот да е Мицкоски  човек математичар кој инсистира на математички прецизни потези!

Што е во оваа негова желба математички прецизно? Каде е прецизноста да одиш ко прасе на клање, а се надеваш дека ќе преживееш и ќе те крунисаат за цар? Можно ли е Драган Данев да го известил својот претседател дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаат 61 пратеник? Дека на нивна страна се и Амди и Чедо и ДУИ?

Или е одговорот многу попрост и е далеку од бајката за станување на принц (премиер) со помош на чудо (Бејли). Дали е одговорот во сознанието дека Мицкоски и новата врхушка на неговата партија не‘ сметаат нас народот за глупи? За кал (пластелин, тесто, гомна) за месење?!

Како инаку човек да размислува, кога е јасно дека потегот за враќање во Собранието на РМ плус барањето изгласување на доверба на владата се потези што одат директно во корист на политичкот противник. Со овие потези јасно станува дека по наредба на Џес Бејли, Христијан Мицковски директно работи во корист на Зоран Заев. Бидејки, нели на Заев ќе му биде изгласана доверба задутре, тоа значи дека Мицковски, како човек на Заев, формално-правно и суштински му обезбедил на нелегитимниот и неуставен премиер ЛЕГИТИМИТЕТ и најмалку една година раат башкарење во “коцките на Вардар“. Исто така, влегувањето, односно враќањето на “хорот на предавниците“ (пратениците) познати по “ова е пучц, ова е пучц“ песничката, е верификација на злосторникот од УЧК за втор човек во државата. Крајно, сите потези во текот на изминатите месеци се погребување на сите ставови, прогласи, изјави, закани, ветувања и тврдења на Никола Груевски и неговиот тим и Христијан Мицкоски и неговиот тим. Се што рекоа порекоа. Уште повеќе, направија сосема спротивно од кажаното.

Циркузантските штосови на Мицкоски за објаснување на враќањето на неговата партија во Собранието, водат само кон една завршница – СОБРАНИЕТО ДА Е ЕДНОГЛАСНО ПРИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ на Македонската држава и народ.

Бидејки ако е Мицкоски саглам човек, во што ме уверуваат високи (ептен високи полициски) поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, тогаш тој, доколку не се оствари неговото тврдење дека во среда ќе се изгласа недоверба на сегашнава влада, ќе треба да си ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА.

Бидејки, каков тоа иден премиер ќе биде Мицкоски, кога не може да види и предвиди дека гласањето на не доверба нема да му пројде?

Какво образование има ако не може математички прецизно да утврди дека неговите четириесет-и-кусур пратеници не се 61.

Тој дел од математиката за собирање и вадење е работа на учителките во прво одделение, а не на професор на Машински.

Пишав веќе дека за политика е неук. Сега ќе почнам да се сомневам и во професорлукот.

Значи Професоре, за во среда Ви треба повеќе од пола од 120. Односно 61.

Капиши.

 

 

М. Неделковски

09.04.2018 – Скопје