75 години од победата над фашизмот

75 години од победата над фашизмот

Во овие лоши и неизвесни времиња, времиња кога на слободарските и антифашистичките народи со сите сили се обидуваat да им ги украдat датумот и прославата на победата на фашизмот 9-ти мај, Македонија се вклучува во проектот наречен “Патот на сеќавањето“.

Овој проект кој не е поврзан со никаква политика, ами со обновување на сеќавањата за големата победа против злото наречено фашизам и нацизам, е под покровителство на Руската федерација. Русија, односно тогашен СССР, е држава која даде најмногу животи на олтарот на победата, над 27 милиони војници и цивили.

Секоја антифашистичка држава и победник во Втората Светска војна, па така и нашата Македонија, се вклучува во овој заеднички проект со цел да се покаже заедничката историја и победа на народите од целиот свет, пред се од Европа. Народи кои со големи жртви и херојства успеаја да го елиминираат злото потекнато од идеата дека еден народ може да e über alles.

Овој проект има за цел сите нас кои сме учеле за таа светла антифашистичка историја, да не потсети на фактите, жртвите и хероите. Но, во исто време, младите генерации, пост-берлинскиѕид генерациите, да ги информира и подучи за жртвите што нивните предци ги дале за да живееме сега во слобода.

Крајно, целта е во овие моменти на повторна закана од нео-фашшизмот и нео-нацизмот на некои други народи што сега мислат дека се über alles, сите заедно да се потестиме дека еднаш дадените жртви, оние во Втората светска војна, не смеат да бидат залудни, и дека уште една таква светска трагедија не смее да биде дозволена.

Овој грандиозен проект на Централниот музеј на Руската армија, предвидува собирање и објавување на десетици милиони фотографии и документи. Целиот тој материјал ќе биде вклучен во мултимедијалната галерија “Патот на сеќавањето“

Мултимедиалниот музеј ќе биде изграден на локацијата на Главната катедрала на руските вооружени сили. http://doroga.mil.ru/

Во овој мултимедиален проект може да учествува секој поединец или институција. Потребно е само информацијата, документот или сликата да се аплоудираат на Memory road  вебсајтот  https://foto.pamyat-naroda.ru/

Од Македонија имаме многу материјал да пратиме.

За од бугарските фашисти обезглавената Невена Герогиева Дуња или подмолно убиениот Благој Јанков Мучето. За хероината Ибе Паликуќа убиена од албанските балисти. За убиените од германскиот и бугарскиот фашистички окупатор Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Тодор Циповски Мерџан. Стив Наумов, Орце Николов, Христијан Тодоровски Карпош… За вториот Гоце Делчев – Кузман Јосифовски Питу. Секако и убиената од грчките монархофашисти Мирка Гинова.

Тука се и злосторствата, пред се она на стреланите младинци во  Ваташа или Дабничкиот колеж. Како и бомбардирањата од германската фашистичка авијација.

Антифашистичка Македонија застанува рамо до рамо, рамноправно со сите други антифашистички народи, помагајки овој исклучителен мултимедијален проект да биде комплетен.

Дудинка,

11.04.2020