Ова време – невреме, кога дамакловиот меч е над главата на секој Македонец поединечно, но и над нас сите колективно, не е најприкладно за приватни преписки и докажувања. Но, од друга страна, не смеам да му дозволам на апологетот на овој фашистички режим и апартхејд, да го работи она за што е најталентиран тој, исто како и татко му: да кодоши, измислува, клевети, манипулира…
За Борјан Јовановски ми е муабетот.
Пред една седмица напишал колумна со наслов “Правдата во Македонија е достапна само за богатите“, од која еве го линкот: https://novatv.mk/pravdata-vo-makedonija-e-dostapna-samo-za-bogatite/ .
Главен лик во колумнава сум јас, иако некаде при крај авторот асоцира и на Орце Камчев.
Прво и основно, во колумната инсистира на тоа дека е он од кај “сиромавите“, а јас сум во категоријата “богати“ заедно со најбогатиот македонец според Форбс. Орце е богат, супер богат, и тука нема дилема. Меѓутоа јас во тоа друштво не сум, ниту сум бил. Јас сум “богат“ само со скопска традиција, што за сељакот од Брајчино не може да се каже.
Како е Борјан сиромав, кога возниот парк не му е постар од 2 години, кога нема ауто поевтино од 30.000 евра, кога има куќа на Водно која татко му кодош, населувајки се од Брајчино, ја добил како награда од комуњарскиот режим за кодошење поети и писатели? Награда за кодошење на Дрган Богдановски, меѓу другото.
Како е Борјан сиромав, кога во епицентарот на Дебар Маало (спроти Боки 13) има луксузен стан? Како е сиромав кога има редовен богат хонорар од телевизијата што е на страната на исламскиот фундаментализам и тероризам – Ал Џазеира? Како е сиромав кога “стамбеното питање“ го има решено и во Брисел, каде вредно, против интересите на Република Македонија, работат и сестра му и внука му?
Како е Борјан сиромашен, кога зад неговиот сајт стои, а на самиот сајт е потпишано Кралството на Холандија?! Миленко ли е богатиот а Холандија сиромашната?!
Но “среќа“ за Борјан оти имал некој адвокат Тале, кој му работел бесплатно! Јас, на пример, смеам ли да имам свој Тале? А, наместо Тале, Владо да се вика?
Илјадници клевети, навреди, судски рочишта, закани, пцости ми се десиле на мене, но никогаш и никаде не сум користел медиум за да ја расправам својата приватна работа. Сметам дека емисиите, гостувањата, текстовите се правени за публика, гледачи и читатели. А не за да оправам правни криви-дрини. Но Борјан, во светлото на најсјајните комуњарско-удбашки ликови од типот на Андреја Јосифовски или Велија Рамковски, има направено медиум кој го користи за кукање и плачење кога пред врата ќе му донесат венец или кога не може да се наплати бидејки тоа правниот систем не го дозволува. Чудно, ама тој никогаш никаде и ништо не пишуваше кога го злоупотреби судството и своите врски со Бранковите сваровски судии па ја понижи и ограби својата прва сопруга.
Но, пишувајки го текстов, си се чудам сам на себе си. Како може било што друго да очекувам од човек кој е измеќар (и зет) на исламскиот фундаментализам, брат на стара лезбејка и син на кодошот на Драган Богдановски?
Како што лаже и лажно се претставува за сиромав, така лаже и за се‘ останато.
Прво, секој човек во Македонија има трансакциона сметка. Па така и јас.
Не секој човек во Македонија има своина (движна или недвижна). Па така и јас.
На секој човек во Македонија, според закон, може да му буде сопрено максимум 30% од платата или пензијата. Па така е и кај мене.
Прашањето е, дали за Борјан и неговите побарувања треба да важат специјални закони кои не важат за другата раја?!
Прашање е исто така, дали тоа он што побарува неколку десетици илјади денари од мене (според валидна судска пресуда), е помалку важно од тоа што неговиот истомисленик, пајташ и соборец Зоран Божинвски ми должи мене 36.000 евра плус камати (според валидна судска пресуда). Дали тоа што јас не можам да се наплатам од Божиновски е помал проблем од што Борјан не може да се наплати од мене? И дали, ако е редот, да постарото побарување, она моето од Божиновски, се наплати, потоа од тие пари да се наплати и Борјан? Извршителот на Борјан е и мој извршител во врска со тие 36.000 евра, па може да му потврди. Или дури и да замоли Борјан да ургира мене да ми се платат моите пари, за тој да си ги земе своите.
Или, ништо друго на планетава не важи, само она што му е во интерес на Борјан?
На крај, за возилата што се на мое име. Немам возила на свое име! Во Македонија, секако. Имам во САД, ама не знам дали за таму важи пресудава на Борјан.
Она што Борјан и типови како него не разбираат е дека и над оние што се замислуваат фраери, има фраер. И, дека никој не би смеело да е над законот. Најмалку кодошкото копиле.
Па така, текстот/колумната што ја објавил минатата недела јај ја категоризирам во негов обид да биде над законот.
Ама, тоа тешко оди.
Системот функционира така како што тебе не ти одговара. И мене не ми одговара што системот функционира така да си ти, и такви како тебе национални предавници, фашисти и расисти, на слобода.
Но, тоа е системот.