Фрау Алтхаусер,
ние од Македонија во 90-тите не ги бомбардиравме Косово и Метохија (и Србија), ама за разлика од вас угостивме 400 илјади бегaлци од таа Социјалистика Автонона Југословенска Покраина. Покажавме дека сме луѓе, а не скотови.
Додека вие “сојузниците“ бомбарадиравте возови со цивили, ние храневме и лекувавме луѓе.
Па така и сега. Покрај САД вашата Германија е најсилниот фактор во НАТО.
Ние Сирија не ја бомбардиравме, Ирак и Авганистан не ги окупиравме и распаднавме.
НАТО ја бомбардираше и ја распадна Сирија. Овие од таму бегаат накај вас. Во демократска, просперитетна, богата и слободна Европа.
Чудно ми е , вие од НАТО и ЕУ зошто не ги сопрете мигрантите на границите на НАТО (Турција и Грција) и на границите на ЕУ (Грција)???!!! Или можеби сте заборавиле дека Грција е членка на ЕУ. Да, да… Онаа Грција на која редовно и давате супер0инфузии во милијарди евра од вашите банки. Кога ушприцувате пари во Јунинистан, тогаш ја спасувате ЕУ. Кога е ситуацијата со мигрантите, тогаш не ви текнува дека Бившата Турска Провинција е дел од ЕУ?
Како тоа мигрантите влегуваат на НАТО територија, па потоа и во ЕУ (една одбрамбена, надворешно политичка, безбедносна целина), за после да им дадете да излезат од неа, па пак да допатуваат на вашите граници?
Вие дрндупка ли си играте со нас?
Сакате финансиски, безбедносно, етнички и верски да ги колабирате Македонија и Србија?
Нешто не гледам дека имигрантове патуваат низ Бугарија па прекоу Романија до Унгрија? Или по правецот Албанија-Косово-Црна Гора-Босна и Херцеговина-Хрватска??? Некако најубаво сиријците и муџахедините се чуствуваат во Македонија и Србија?! Така ли?
Да не остане Фрау Кристине текстов само на Вас.
Еве прашање и за вашата советничка во амбасадата Фрау Бјанка Орданоска. Она е Фрау на Сашо Орданоски, нели така?
Па во контекст на последниот текст на Хер Сашо, да ја прашам Бјанка да ве праша Вас и нејзиниот Ехеман, дали неговата изјава “ Толку ли е тоа тешко за една држава која се фали наоколу дека е лидер во регионот по сѐ и сешто, да покаже просечна хуманост и сочувствителност“(!!!???) важи само за Македонија? Не смее ли да ја критикува државата од каде неговата Фрау зема дебела плата со години? “Хуманоста и сочуствителноста“ важат ли само за Македонија?
Натаму, “организаторите“ на “спонтаното“ собирање на плоштад под слоганото “Добродојдовте бегалци“, ќе отидат ли денес-утре пред амбасадатата на Германија? Или бегалците се за добредојде само во Македонија, ама за од Германија се Ауштајген или Ераус.
Овие малубројни “добредојде“ активисити ќе покажат ли доследност, или ќе се разгологазат како алатка и платеници на странските служби и амбасади.
Мислам дека е илузорно да прашувам за гладувањето на овој комичен лик, со име Суад.
Фрау Кристине, простете ако сте презфатени со извештајот на Прибе и договорот од Црниче. Знам дека е тоа поважна работа од милионите бегалци и распаднатите држави. Поважна од обезглавените христијани, од Алан Курди, од крвта и солзите на арапите.
Но сепак, де Ве молам, погледнете се во огледало и запрашајте:
ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ,
КОЈ ВО СВЕТОТ НАЈ ГАД Е?
Без почит,
Миленко Неделковски
7.30 Понеделник 14.09.2015