Вчера, 24-ти Август, во Скопје во просториите на Министерството за надворешни работи, се оддржа Амбасадорскиот совет. Министерот ги свика сите амбасадори на редовен брифинг, брејн сторминг енд кофи.
Тоа беше збогатено и со посетата на Курц, австрискиот колега на Министерот Поповски. Тука беа и министрите за надворешни на две соседни држави.
Бидејки главна тема била дискусијата за мигрантите, односно СЛОБОДА на движење, СЛОБОДА на живот, СЛОБОДА на вероисповест па со самото тоа и СЛОБОДА на мислење и изразување, ме интересира дали македонскиот амбасадор во мисијата на ОБСЕ во Виена Кире Илиоски поднесе извештај, или барем информација?! Не за било што, туку за забраната што ОБСЕ ја изрече зимоска на сите медиуми во Македонија да не ги пренесуваат ставовите, мислите, колумните, емисиите, изјавите на Миленко Неделковски?!
Миленко Неделковски како единка веќе му се заблагодари на ОБСЕ и тогашниот амбасадор со неприфатлив промискуитет Брет, за тоа што го промовираа и направија единствен македонски дисидент во последните деценија-и-пол. Исто така, се виде и колку медиумите ја испочитуваа забраната на Брет и ОБСЕ.
Но сепак, очекувано би било, Македонија како партиципиент во финасирањето на ОБСЕ, да побара објаснување за ЗАБРАНАТА НА СЛОБОДА НА ГОВОРОТ од меѓународна институција која токму против тоа се бори. Очекувано би било, исто така, амбасадорот Илиоски да испитал дали во централата на ОБСЕ знаат, а и дали амбасадорите на ОБСЕ се школувани, за да разберат што е метафора (Јазично изразно средство на пренесување кога со називот на
еден предметили поим се именува друг поради
сличност по некое обележје; воопшто,пренесено,
сликовито изразување на некој поим).
Па ме интересира, вака јавно да си знам, по толку залагања за СЛОБОДА на избор, дестинација, патување, движење…, дали стана збор и за СЛОБОДАТА на говор на еден обичен граѓанин на Република Македонија.
Засега не чув човекот што ги наименува амбасадорите на Р. Македонија во странство и што ги прима акредитациите од странските амбасадори што доаѓаат на работа во Р. Македонија – Претседателот Иванов, да се заинтересирал за овоа есенциално право на секој човек на планетава. Па си мислам дека можеби амбасадорот Илиоски, кого не го познавам ама кажуваат дека бил многу забавен за во друштво и дружељубив, си ја вршел својата работа во мисијата во Виена?
Онака бе, на маргините на Амбасадорскиот совет.