Една од работите што не ја поднесувам е играта на кратка меморија. Неа, по правило, ја играат политичарите кои се smart ass.
Но, затоа има хроничари, од типот на најзначајниот во последните 40 години во Македонија Мирка Велиновска, која не дозволува работите да бидат заборавени. Од младата, иако веќе не е и толку млад, гарда на такви хроничари е Бобан Нонковиќ.
Па и јас помалкуцка давам чат-пат некој придонес.
Па така, еве сега во моменти кога Христијан Мицковски си трае и продолжува да го турка во врвот на партијата докажаниот полициски кодош Димтар Димовски Глумац,
додека во врвот на партијата залегнаа оние за кои Груевски тврдеше дека ќе се срамат, односно реформистите,
или имаат потпредседател кој своите производи ги рекламира на Мактел, во Фокус и на А1он, за што сериозен текст со анализа подготвува еден про-опозиционен сајт,
се забораваат основните, вредности, постулати, ветувања, завештенија на НАЈМАКЕДОНСКАТА партија, за која по дифолт си се поврзува народот.
Па ете, како хроника и прашања, да се приклучам на Мирка и “младиот“ Бобан, со некоклу потсетувања и дилеми.
Значи:
- Што стана со член 7 од статутот на партијата? Тој член вели: Партијата ќе се бори за враќање на гордоста и достоинството на Македонскиот народ и Македонската држава. Натаму вели, ќе работи за целосно духовно, политичко, економско и етничко обединување на Македонскиот народ и држава. Па вели, ќе се залага за суверена Македонска држава со трајна грижа за Македонскиот народ во присвоените делови Грција, Бугарија, Србја и Албанија!!!
- Што стана со десната страна на вмровската книшка каде е презентирана картата на целата и вистинска Македонија? Не важи веќе, имаме пишман аџии? Од војводи станавте бокитринаески?
- И, крајно, што стана и кој нареди промена на насловната страна на партиската книшка на ВМРО ДПМНЕ?
Не важат ли веќе лавот и сонцето? Кое животинче сега е заштитен знак на партијата на Мицковски, Николовски и Ѓорчев – хрчак?
Сега сите што се зачлениле во партијата заради вмровските идеали, севкупноста на територијата, симболите, грижата за нашите во соседството можат да го тужат ВМРО ДПМНЕ и лидерството за измама.
Со исклучок на реформаторите и поранешните членови на ЛДП и ЛП кои заедно со Мицкоски дојдоа во ВМРО ДПМНЕ (другите членови и не се викани при шетањето на “лидерот“ по општинските комитети), не верувам дека некој член е согласен со ова.
Ниту пак некој се согласува партијата да биде “центар кон десно“, како што тоа го замислиле безличниот Александар Николовски и предавникот Влатко Ѓорчев.
Само во последниве неколку месеци, Партијата
- се откажа од барањето вонредни парламентарни.
- не му даде поддршка на Иванов за “џебно вето“.
- не вети дека кога (ако) ако се врати на власт ќе го поништи договорот со Бугарија.
- даде легитимитет на седницта каде незаконски беше донесен законот за двојазичност.
- не се приклучи на својот народ на 27-ми февруари и на 14-ти март.
- не го одбрани споменикот на Ќосето.
- не го одбрани споменикот на Сарафов.
- не го одбрани името на автопатот.
- не го одбрани името на аеродромот.
- не го брани споменикот на Александар Македонски.
Единствено што Христија Мисковски, неговите потпредседатели и неговата партија (како и да се вика сега, оти ВМРО ДПМНЕ не може да е) прават е да добијат на време, да го демотивираат народот, да ги задушат медиумите, да ги замолкнат преостанатите 2-3 гласноговорници на народот (Мирка, Миленко…), да дочекаат наместо бандата на Заев нивната банда да влезе во Владата со помош на Џес Бејли или неговиот наследник…
Партијата на Мицкоски, тоа веќе ВМРО ДПМНЕ не е, стана евро-атлантска бирократска пифтија, каде е доблест:
- да се поддржуваат политичари (од ЕУ) кои не се бирани од народот.
- да се поклонуваат на криминалци од САД (Хојт Ји) и безпоговорно да ги слушаат.
- да ти се пријатели земји што не ти го признаваат уставното име.
- да се приклучат на сојуз на држави кои сакаат, море ИНСИСТИРААТ, да си го смениме името, избришеме историјата анулираме јазикот.
- да праќаме војници во агресивни и окупаторски кампањи за заштита на нарко бизнисот што ЦИА го има од афионските полиња во Авганистан.
А во истата таа партија, ВМРО ДПМНЕ не може никако да се вика, маана да стане ако:
- сакаш да гледаш и соработуваш со сите страни на светот.
- сакаш пријатели да ти се држави што те признале под уставно име.
- сакаш да развиориш и друго знаме освен оние на САД и ЕУ.
- сакаш да честиташ на избран од народот претседател на држава.
Мицковски и неговата партија, како и да се вика, смета дека ние, народот, сме овци за стрижење и пластелин за месење. Верува дека е многу умен, а и ептен итар.
Сака да добие на време за без народ и гласање да влезе во владата на РМ, како што му ветил Брисел и Вашингтон, не разбирајки дека ќе му се случи истото што и на Хорхе со Хојт Ји.
Затоа три месеци правеше длабинска анализа која никој не знае дали е направена и што таа кажува. Потоа 4 месеци ги формираше партиските органи. Па еве месец-два поставува свои партиски шефови низ републиката, покажувајки дека и тој и неговите реформисти лажеле кога тврдеа дека локалното и државни партиско раководство ќе се бира непосредно од членството. Да еве сега крајно, протести најавува за мај! Кој мај? Први или 31-ви? Купи ден помини стратегијата на Мицкоски не е ниту математичка, ниту прецизна, ниту е со достоинствено решение. Таа е калкулатоска, технобирократска – односно чиновничка.
Може и слоган да смислат: Наша гузица наместо сдсмовска во владини фотељи. Тенк ју Бејли.
М.Н,
23.03.2018