ФБ битката помеѓу оние што не сакаат автомобили со лого што асоцира на Мачка, Пичка и Елкичка ви-за-ви што не ги сакаат италијанските аута и пред се Алфа Ромео, ме предизвика да направам листа на автомобилски произведувачи што исчезнаа. А беа големи, огромни брендови:
Во Британија: ТВР (TVR), Триумф, Талбот, Санбим (по нашки “Сунбеам“), Ровер, Морис, Јенсен, Хилман, Дајмлер, Остин Хали, Остин, Воксал…
Во САД: Студебејкер, Штуц, Понтиак, Олдсмобил, Пакард, Дусенберг, Пакард, Хадсон, Вектор, Плимут, ДеЛореан…
Во Германија (и Источна и Западна): Ауто Унион, Богвард, Ханомаг, Хорш, Де-Ка-Ве, Ѕиндап, Трабант, Вартбург…
Во Франција: Бугати, Матра, Симка, Хиспано Суиза, Талбот, Цитроен Масерати…
Во Италија: Аутобјанки, Бертоне, Бугати, Де Томазо, Гиа, Иноченти, Веспа…
Во Шведска: Сааб е всушност Генерал моторс, а Волво е Рено.
Во Источниот блок: Запарожец, PZ, Москвич, Волга, Тавриа…
Во Југославија имаше повеќе фабрики:
- Црвена Застава Крагуевац со модифицирани модели на Фиат. 2. ИМВ Ново Место со модели на Рено. 3.Цимос Копар со модели на Цитроен. 4. Во Загреб имаше фабрика што правеше Фиат 132 и Фиат Арџента. 5. Во Нови Сад правеа Опел Сенатор. 6. ТАС во Сараево за Голф.
Ако сум пропуштил нешто, дополнете.