ФБ статус на Тони Науновски:

Тиранската платформа и влада не се Македонски национален и државен интерес. Македонија е држава на Македонскиот народ, не е мултиетничка држава (таква е САД, всушност). Ние нема да преживееме како народ после реализацијата на 3-6-9. Кога читам, гледам и знам какви се не луѓе биле на високи позиции во јадната ни Македонија, се чудам како и до сега не сме бегалци (како Матејчаните, Арачиновците). И сите сме виновни за ова, ние Македонците по род, по татко и дедо. А ВМРО должи одговори на Македонскиот народ – како по толку долго време молење на САД (11 години) да се смилуваат и не остават како народ со своја национална држава, и рационално балансирање низ секаква битка да ги убедиме дека сме вредни како онтолошки и геополитички факт, наеднаш се предадоа, и со тоа го предадоа сонот на секој од нас, Македонец. Нивните барања за промена на името и идентитетот, и проширување на рамковниот во полза на малцинството кое им е стратешки партнер на Балканот за следните сто години, како што кажа Хилари – како услов за НАТО, нивниот примарен интерес, ги знаевме сите. еми, кога сфативте дека е дојдено крајно време за одговор на уцената, наместо ужас без крај, требаше да најдете начин, со се толку памет на вашите од ИК, тоа да биде историска победа на Македонскиот народ. Вака, оставивте оние од сдс да ја реализираат уцената (тиранската платформа, синтетизирано), при што вечно ќе ги загубиме Македонските сидра што не држеа на крвавиот Балкан со своја територија и систем на институции (држава), и во вашиот молк не замолкнавте сите. Ова историско предавство никогаш нема да ви биде простено, ој вие од сегашното актуелно раководство на ВМРО – по шуми и во кафани низ централно-македонскиот географски кантон, со основно образование на Македонски јазик како остаток на Македонската држава, ќе ве колнат.

——————————————–

Реакции на статусот:

Viki Petrovska јас се надевам дека после 100 дена срамно владеење на оваа марионетска влада ќе организираат масовни протести?
Toni Naunovski на 13 Септември би требало, кога ќе се гласа крајот на Македонската држава. Но не верувам дека ќе се случи тоа, со новиот ИК каде веројатно гласаат по бадинтер.
Goran Majstorovski Pogreshno se nadevash, ako im beshe za protesti imaa 1000 povodi do sega.
Toni Naunovski Goran Majstorovski гајле ми е за нив, конечно; секој сам својата битка си ја води за Македонија – а на 13 Септември ќе има протести на Македонскиот народ, со или без ВМРО
Toni Naunovski Goran Majstorovski Вака да ти кажам, иако не те знам – одлуката вмро да биде бледа копија на сдсм е донесена и објавена во Охрид на прославата на унија на млади сили; оттогаш до денес, трауматични се деновите и ноќите на Македонците
Toni Naunovski Многу ми е мачно за Вмро. Прекрасни луѓе има таму, патриоти, во актуелното раководство сеуште, ги знам, се знаеме, Влатко, Илија, Илиоски од Битола, Стевананџија, и многу други. Мака ми е, како тие дозволија вакви одлуки на Вмро да се носат, вака да биде. И џабе е се веќе, тиранската влада ќе гласа, наспроти уставот и законите, со само 61, за разнебитување на Македонија.