Двајца другари, комшии, едниот приватник со 20 тина вработени, фирма стара 25 години .. другиот раководител на сектор у општина, истата каде што жена му е советник за односи со јавност .. приватникот 25 години си работи во фирмата, без работно време, празници, споени викенди. Другар му истите 25 години вика: Браво премиере! И жена му исто така ..
Приватникот 25 години плаќа редовно даноци, придонеси, казни .. се вкупно цирка 200.000 мкд месечно. На зимување и летување ги праќа жената со децата, он тера само викенди, бизнисот не смее да трпи. Другар му во август го планира скијањето, а додека е на скијање уплаќа летување ..
Приватникот го моли другар му: Дај бе брат види таму у општина кај твоиве, една ебена дозвола ја чекам 6 месеци, ми трпи бизнисот .. овој му вели: Брат, абе знаeш, твојот предмет е кај онега, тој не е од нашите, не сакам да го молам ..
Во 25 те години се случуваат многу работи, војни, кризи, инспекции .. приватникот не се предава, и понатаму ги плаќа оние 200.000 даноци за да обезбеди мирен живот за другар му, жена му, за нивните родители да може пензија да земат, а да има плати и за учителките што им ги учат децата ..
Година 2020 .. Корона криза .. приватникот вели: Брат, државата ме затвори, не ќе можам да ги издржам оние 200.000, дај да најдеме чаре, да поделиме некако? Раководителот: Ти нормален ли си бе? Шо да делиме бе? Ја ли те терав децата у приватно школо да ги праќаш, моине ене ги у државно си одат ..
Крај на 2020 та .. приватникот ја затвара фирмата, 20 вработени заедно со него на улица .. ги нема оние 200.000 .. банката му ја зема куќата ..
Го слуша преку тераса другар му: Абе шо им е на банкине, камата ќе ми качуеле, лоши пласмани имале, па дали се тие нормални! .. А и директорон имал налог да преполови вработени у општина .. шо се замишљаат тие! ..
Година 2021 .. приватникот е веќе у странство, снаодлив, вреден, почнал од нула, полека застанува на нозе .. удира дигитронот .. цирка 1 милион еур!? платил за 25 години на државата од која си отишол .. на другар му жената директорон ја стаил на список .. ратата голема, едвај крај со крај .. пцуе и држава и влада, се живо и диво ..
Година 2022 .. не издржува другарот, им го зема банката станот, ќе мора да се преселат кај старите, пензии намалија, платите на пола .. не не бива за бизнис жено на овие години, ќе се стиснеме некако, ќе преживееме, има и полошо, ќути ..
Банките се наполнија со станови, куќи, коли .. нема кој да им ги купи .. отпуштаат вработени, намалуваат плати .. Lehman Brothers in the house!
Не е се така црно, има и супер вести .. во меѓувреме го отворивме 4 тото поглавје .. 🙂
Ивица Стојановиќ
31.03.20