Брилијатна анализа на Бобан Нонковиќ за време на неговиот престој во Беломорска Македонија.
Оригинално, Бобан ја прави анализата преку цитирање на делови од книгата на Ванчо Михајлов “Македонија – Швајцарија на Балканот“.

Како што убаво може да се забележи, планот на англискиот Форин офис и Ватикан, преточени во книгата на Михајлов печатена 1947-ма година, се спроведува денеска преку Зоран Заев а без спротиставување од опозицијата.
Исто така, може убаво да се забележи дека нема спомен од Македонски јазик, народ, историја, култура и традиција.
Жално е што сите медиуми навлечени на убијството на мафијашот од Струга, или на бизнс зделките на Кочо Анѓушев, или смената на Зврлевски и слични димни бомби, воопшто не ја согледуваат (или имаат наредба да не ја согледаат) вистинската игра каде жртва ќе се САМ Македонците.

Повелете, репринт на ФБ постото на Бобан Нонковиќ

“Македонија – Швајцарија на Балканот”
– диктирано од Запад, напишано од Иван “Ванчо” Михајлов во 1947 година, а се спроведува денес од неговиот истомисленик Зоран Заев!
“Дали Македонија ќе сака да ја организира својата демократска управа по француски или по американски образец или, пак, целосно ќе може да се приложи швајцарскиот начин на уредување – по тие прашања ќе се изјасни идниот македонски парламент. Обрасци за општествено уредување на држави има повеќе. Поделикатно, за многу народи, не било прашањето за барањето и пронаоѓањето на туѓи теориски примери, туку прашањето за усогласување со автохтоните карактеристики и желби на народот. Во тоа се состои демократијата: во приспособување кон она што го сака и што може да го постигие народот во определена епоха…
Ако се обезбеди целосна слобода на националностите, може да се помине и без кантонален систем. Меѓутоа, ако во негова корист се појават барања, тој може да биде воведен, независно од тоа што за него не постои никаква опора и традиција, ниту пак економски потреби. Во таков случај ќе има кантони со мнозинско население од една или од друга месна народност – бугарска, грчка, влашка, албанска итн…
Идниот парламент на Македонија ќе донесува одлуки за се што се однесува до компетенциите на евентуалната кантонална самоуправа. Овде не би можеле да ги разгледаме детално односите меѓу кантоните и централната власт. Ако судиме според туѓите примери, мораме да истакнеме дека во поново време се појавува стремеж кон централизација, паралелно со загарантираните во секој поглед права на граѓанинот. Во Швајцарија во компетенциите на централната власт се војската, надворешната политика, поштите, телеграфот; има заеднички даночен и паричен систем, а заедничко е и судството. Идната независна Македонија ќе успее да ги усогласи потребата од единство и почитувањето на слободата, коишто еднакво го наложуваат самото нејзино создавање како одделна држава. Во секој случај, независна Македонија ќе има потеба од се поголемо внатрешно единство, а не од делби. Може да се претпостави дека во неа, во никој поглед, нема да се претера со кантоналната самостојност. Мошне веројатно е, уставите за самоуправа на евентуалните кантони да бидат потполно исти, затоа што и населението на кантоните би имало исти потреби, а и не станува збор за одделни територијални единици, коишто имале и досега свој посебен историски развој…
Како официјални јазици би можеле да бидат признаени петте јазика: бугарски, грчки, турски, албански и влашки. Во училиштата, секако, ќе се предвиди изучувањето барем на уште еден до два од останатите јазици, покрај мајчиниот. И по овие прашања може да биде поучна практиката во Швајцарија…
Секоја од националностите ќе може непречено да одржува културни и духовни врски со своите сонародници во соседните држави и во другите делови на светот. Народностите би можеле барем симболично да ја зачуваат својата припадност кон матичната национална црква…
Откако ќе се средат добро меѓунационалните односи во Македонија, сами по себе ќе се средат и црковните работи…
На националностите ќе мора безусловно да им се вратат училиштата и граѓанските здруженија, коишто им беа одземени насила во 1912 година. Во уставот ќе се признаваат нациите што се признаени од историјата, и коишто постоеја со свое национално име во текот на повеќевековното турско ропство. За да и се обезбеди спокојна иднина на земјата, со закон треба да се забранат какви и да било спорења и судрувања на нацинална основа…
Рамноправното учество на народностите во изградбата на новата македонска држава и нејзиниот иден развој, треба, исто така, да биде загарантирано во уставот, како и со законите на државата. Никоја народност нема да доминира над другите со надменост, со итрина или со сила…
Збратимувањето меѓу народностите ќе биде потпомогнато и од еднаквоста на законите во културната, стопанската, просветната, судската и во сите други области…
Посебно треба да се внимава управувањето на која и да било власт да не се користи за давање предност на една или друга националност за сметка на останатите. Еден апсолутно независен и неменлив судски и обвинителски кадар уште повеќе ќе придонесе за остварувањето на овие замисли…
Проникнати од идејата за солидарност, македонските борци секогаш биле подготвени голем дел од суверенитетот на идната македонска држава, и тоа во еден од најчувствителните сегменти, како што е надворешната политика, да и се отстапи на централната балканска федерална влада, се разбира, ако со такво решение се согласат, секоја за себеси, и останатите балкански држави…
Општо земено, независна Македонија нема да има причини за несогласувања со своите соседи. Ако ја добие потребната меѓународна гаранција, хармонијата околу неа сама по себе ќе се доофроми. Македонија ќе личи на Швајцарија како по своето општествено уредување така и по својата меѓународна положба…
Македонија страда од истата болест, од којашто страдаа и швајцарските области, пред да биде признаена независноста и загарантирана неутралноста на Швајцарија. Против иста болест потребно е исто лекарство..
Македонија треба да стане Швајцарија на Балканот!”
#НекаНиеНаЗдравје