КОЗЈО МЛЕКО

Разлика меѓу козјото и кравјото млеко

Козјото млеко се разликува од кравјото по бојата, вкусот и мирисот. Козјото млеко содржи помалку натриум, а повеќе калиум и хлориди. Содржи помалку железо, фолати и витамин Д.

Поради опасноста од бруцелоза, козјото млеко треба да се свари веднаш после молзењето.

Во однос на кравјото, козјото млеко содржи повеќе есенцијални масни киселини иполесно е за варење, бидејќи неговите масти се составени од помали честички, за разлика од мастите од кравјото млеко, кои се потешки за варење. Калориската вредност на козјото млеко е скоро иста со онаа на кравјото.

Козјото млеко е добар извор на минерални материи, кои му се потребни на човечкиот организам. Одличен е извор на витамини. Еден литар козјо млеко ја содржи дневната потреба за витамини за човечкиот организам.

Белковините од козјото млеко се слични со белковините во мајчиното млеко.

Од козјото млеко се прави и сирење, кое е многу здраво. Во светот постојат 450 вида козјо сирење.

Козјото млеко и сирење се препорачува за прочистување на организмот и за зголемување на имунитетот.