30 минутки се доволни

30 минутки се доволни

Во случај на нуклеарна војна Русија ќе ги уништи земјите од НАТО за само половина час. Ова го соопшти генералниот директор на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин. Тој истакна дека таков исход не може да се дозволи, бидејќи тоа ќе влијае на состојбата на Земјата.

„Во нуклеарна војна, земјите на НАТО ќе бидат уништени од нас за половина час. Но, не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарни удари ќе влијаат на состојбата на нашата Земја. Затоа, ќе мора да го победиме овој економски и воено помоќен непријател со конвенционални вооружени средства“, напиша Рогозин во својот телеграмски канал.

Претходно, Алексеј Зајцев, заменик-директор на Одделот ДИП на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека Русија нема да користи нуклеарно оружје за време на специјална операција во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална операција во Украина на 24 февруари. Според него, целите биле демилитаризација и денацификација, како и помош на жителите на Донбас. Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборуваше за реалните ризици од нуклеарна војна. Според него, изјавата на „нуклеарната петорка“ за недозволивоста на ова е принципиелен став за Руската Федерација.