ГЕЛЕВА (октомври 2010-та)

ГЕЛЕВА  (октомври 2010-та)
  • Текст на Емилија Гелева напишан во октомври 2010-та, што тогашниот Главен и одговорен уредник на Нова Македонија Зоран Андоновски (сега сопственик на таканаречената “новинска агеција“ Мета, а всушност Соросов портал) одби да ја објави:
    _____________________________________________________________
    Македонската јавност деновиве е во треска од најновата сапуница што се форсира низ
    гласилата на опозиционата СДСМ. Oд „непознати„ извори се објавуваат најтајни досиеја за
    поврзаноста на лидери и припадници на УЧК со УДБА и како што тргнале работите набрзо,
    според овие шеми, ќе дознаеме дека српската тајна служба всушност сама си го организирирала
    бомбардирањето од страна на НАТО врз Србија, а со оглед на таквата нејзина “омнимоќност“,
    според овие шемаџии, ќе испадне дека најверојатно таа го подготвила и “11-ти Септември“ и ги
    срушила кулите близначки во Њујорк. Споре овие шашмаџии произлегува дека Србија и
    српската тајна служба не само што го тресе Балканот, туку суштински ги диригра настаните во
    светот. Прашање е само дали ваквите сценарија се дел од советите на словенечките советници на
    Бранко Црвенковски за освојување на власта или некои други “советници“ сега тоа му го работат
    без пари?
    Се започна кога пред околу две недели “независниот„ истражувач Васко Ефтов, без
    некоја посебна причина, направи една бесмислена емисија во која како и обично тој си
    одговараше на своите поставени прашања и заклучи дека УДБА односно српската тајна служба
    ја формирала УЧК и ја организирала ОНА и војната во Македонија. Во таа емисија Ефтов патем
    нафрли дека Никола Груевски е нешто многу близок до Србија односно дека безмалку и
    раководството на ВМРО-ДПМНЕ игра по свирка на српските интереси?! Се на се, емисијата на
    “независниот“ Ефтов беше прилог кон претходно пласираните тези во јавноста дека всушност
    оваа влада и ВМРО-ДПМНЕ се српска инсталација. Сега произлегува дека г. Ефтов е или
    видовит или е најмоќниот што го диктира македонскиот политички живот, зашто по ваквата
    фрлена теза “с неба па у ребра“, што би рекле “браќа Срби“, почнаа на виделина да излегуваат
    некакви си досиеја за семоќната српска тајна служба и нејзините албански шпиони.
    Паралелно, весникот “Дневник“ исто толку независен колку и Ефтов, екслузивно го
    обајви интригантното досие “Ибар“ што некој безмалку им го „уфрлил“ преку прозор, односно
    некоја личност со иницијали им го донела досието(?!) Необјавувањето на изворот, според
    новинарските правила е класично перење на информации, зашто нешто што е на ниво на
    спекулација и тотално непроверено се објавува и на тој начини се два легитимет на
    информацијата. Или уште повеќе, тоа е криминал во професијата. Со ова “Дневник“ само
    потврдува дека, како и многу други медиуми, ја изгубило својата основна новинарска функција
  • да ги информира граѓаните, и служи како алатка за сеење политички интриги и шпионски
    сапунаци објавувајќи непроверени содржини.
    Имајќи ја предвид спомената емисија на Ефтов, лесно е да се следи натамошниот развој
    на ова најново шашмаџиско сценарио. Имено, она што понатаму може да се очекува се некакви
    си “компромитирачки“ материјали за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со српските тајни служби.
    Се со цел оваа СДСМ-овска шашма да биде комплетна за по самитот на НАТО во земјава да се
    направи атмосфера што би ја растресла јавноста. Ако погледнеме од временски агол и се сетиме
    на сите драмолетки на СДСМ , лесно ќе ја препознаеме истата матрица на однесување на СДСМ
    која освен шашми и не знае што друго да прави за да дојде на власт, но и како и кога ја има
    власта. Само СДСМ може да прифати да игра ваква валкана игра зашто во основа на својот
    идентитет ја има деструкцијата што во континуитет ја применува врз Македонија.
    Со своето делување во последните 20-тина години СДСМ недвосмислено покажа дека е
    антимакедонска партија. Прво, иако владееше во поголем дел од тој период не може да се
    пофали барем со еден изграден камен, дури ни како споменик. Освен ако за такво нешто не се
    смета смешната градба Пелинце, која треба да ни го замени македонското свето место Прохор
    Пчински кадешто е формирана АСНОМ-ска Македонија. Но, дури ни за такво смешно Пелинце,
    СДСМ не даде никаков отчет, ни колку чинело а камоли пак за хонорарите на уметниците што го
    китеа овој соцреалистички објект. Додуша, СДСМ-овските новинарчиња распослани по бројните
    нивни медиуми кренаа голема прашина околу хонорарите на авторите на лавовите и на другите
    споменици во центарот на Скопје. Се би било во ред доколку со исто таква жестина ја
    информираа јавноста и за огромните хонорари на авторите на Пелинце.
    Кога тоа би бил најголемиот грев на СДСМ кон Македонците би било и добро. Имено,
    напишани се безброј редици за мрачната приватизација што СДСМ ја изведе во Македонија и
    која со право може да се нарече грабатизација. Ги ограбија граѓаните на државата за сметка на
    интересите на неколкумина нивни директори со што ја запечатија економската иднина на
    земјата, последици што и ден денес ги чувствуваат поголем дел од македонските граѓани. Во
    основата на она што го има направено СДСМ во последните 20-тина години се исцртува формат
    на политички субјект што работи против интересите на сопствениот народ и држава. Ако, пак,
    како што неодамна се правдаше Бранко Црвенковски правеле најмногу што знаеле, тогаш
    одговорноста им е уште поголема за штетите што и ги нанесоа на Македонија. И тоа не само на
    економски, туку пред се на политички план втурнувајќи ја Македонија во бесмислени разговори
    за името. Зашто толку знаеле?!
    Бранко Црвенковкси во континуитет влече штетни потези за Македонија ставајќи го на
  • пазар македонското име, а од друга страна се до 1998 година СДСМ-овското раководство не
    поднесе барање за членство во ЕУ. И по„историскиот 15-ти септември„ од 2002 година требаше
    да поминат уште цели две години за да се земе од Брисел Прашалникот за апликација во ЕУ.
    Цело лето 2004-та година од Брисел имаше најави дека ги очекуваат македонските лидери да го
    земат Прашалникот. Кога во европската престолнина им стана јасно дека Црвенковски нема
    намера да го направи тоа, претседателот на Европската комисија, Романо Проди, на почетокот на
    ноември 2004-та година, виде не виде дојде и го донесе прашалникот во Скопје. Зошто
    Црвенковски го оддолжуваше тоа? Дали заради интересите на своите американски пријатели?
    СДСМ живее со психологија на губитник и однапред капитулира кога треба да се штитат
    интересите на државата. Сакаат да не убедат дека прифаќајќи додавки, именки и харирикири се
    борат да го сочуваат македонското народ?! Тоа може да е така само во нивните извретени умови.
    Нивните медиумски перјаници неуморно бладаат дека името не е идентитет, дека јазикот не е
    идентитет, дека иднетитетот не е име на народот, што потсеќа неодминливо на Орвеловите
    пораки дека војната е мир, поразот е победа, црното е бело и така натаму. Се разбира, ако се
    согласиме со шизофрената СДСМ-овска диоптрија ќе излезе дека единствен начин за
    опстојување на Македонците и нивната држава е самоукинувањето.
    Се на се, да го немаше СДСМ ќе требаше да се измисли, за да знаеме што е
    „антимакедонско„