Лок даун у Немачка

Лок даун у Немачка

Значи. Да нема недоразбирања. Германската влада новите “мерки” што ќе стапат на сила на 2. ноември и ќе траат цел месец ги нарекува Локдаун (карантин), но тие мерки немаат никаква сличност со карантините како што ни е познато нас или како што ги гледавме последните месеци низ светот. Во Германија нема затворање во четири ѕида како во домашен притвор со час-два за набавки нити затворање цели викенди или недели, па да не смееш да излезеш од дома. Најнормално си излегуваш и си бркаш работа, не постои ограничување на времето на движење надвор од дома. Си се движиш најнормално.

Мерките што ќе стапат на сила на 2. ноември го вклучуваат следното:
– училиштата и градинките ќе работат,
– трговијата ќе работи,
– индустријата ќе работи.

Се затвораат:
– гастрономијата,
– кафулиња,
– хотелите,
– театрите и кината,
– фризерници, тату-студија, маникири, педикири,
– спортски настани и културни манифестации.

Ај овој пат нема да зборуваме за логика, и зошто ли мислат дека вирусот послушно би застанал пред влезот на училиште или пред влезот на градинка, за да не прави беља меѓу стотина деца собрани на купче, ама затоа во театар би се понашал како пуштен од ланец.

Одиме понатаму.

Рестрикции ќе има во дружењето, односно во ноември нема да може да се шета народот во групи поголеми од ДЕСЕТ луѓе, нема да се дозволени туристички патувања од едно до друго место, патувања заради работата секако ќе има, и исто така има повик и препорака до луѓето, по можност да се ограничат домашни прослави, кои меѓутоа никој нема да ги контролира затоа што – кој смее да ти влезе дома во нормална држава!

Што значи, според горе наведеното, рестрикции ќе има само за човекот и за неговиот социјален живот.

Што се однесува до носењето маски:
Луѓето ќе се шетаат како и до сега БЕЗ МАСКИ на отворено. И по улици и по шеталишта. Освен во продавници, затворени простории и низ улиците што служат исклучиво за шопинг и се затворени за сообраќај. Меѓутоа нема идиотштини од типот носење маски кога си САМ или носење маска штом излезеш од дома.

Точно е дека перфидната меркел, растена во диктатура, самата поранешен висок функционер во поранешната супер-рестриктивна германска диктатура, меркиве ги нарекува Локдаун (карантин). Јасно и’ е, каков авторитет Германија има во светот, јасно и’ е дека светот е површен и дека ќе зјапа ококорено само во зборот карантин, без да се потруди да дочита што сé вклучува, и затоа и се вели дека овци можеш да манипулираш, затоа што овца нити чита нити доистражува, нити па сака сама да си обликува свое мислење. Нејзе ѝ е доволно да слушне друг што ќе каже. Дај ѝ ливада, ќе пасе цел ден, ќе си поправи муабет со некоја другачка, ќе пооговараат некоја друга овца, мозокот на паша, цел ден во природа, а можда и ќе дојде овчарот да ја потстрижи малку па ќе си легне вечерта со нова фризура. Убавини. Сакам да сум овца.

Меркел, веќе со години е најомразеното женско (?) во Германија, ноемврискиве мерки ги нарече “Локдаун лајт” или јас како што милувам да ја коригирам: “Диктатура лајт”.

Како беше она. Ако имаш лепешка на сред пат и ако со тркалата на велосипедот поминеш низ неа, што ќе остане од лепешката? Точно. Ќе си остане лепешка. И затоа во диктаторската тиква на меркел не може да постои никаков друг концепт освен диктаторски, во заостанатите тикви на овдешните црпки не може да постои никаков друг концепт освен „дај шта даш“, и „народни пари се за крадење“, во малтузијанските глави на злото што ни го приредува сево ова не може да постои друг концепт освен омраза према човекот. Затоа што концепти и иделогии се наследуваат во рамките на семејството од генерација на генерација. Затоа порано злосторници и предавници се истребуваа до седмо колено. За да го истребат концептот на живеење на тоа семејство, неговата идеологија која се пренесува од родител на дете.

Сега ни продаваат демек загриженост, синхронизирано како на титов слет одработуваат задачи во секундарен такт. Не знаат за една работа да се договорат 30, 50 години, сега симултано на светот му ги затвораат капиите. Демек, за наше добро. (‘Да. за наше добро’, тивко си шепка овцата дур џвачка сочна тревичка).

Всушност единствено нешто што во последните месеци се санкционира, е човекот, кому како на социјално битие му го истргнаа социјалното од животот и му ја затворија муцката, затоа што од една ствар се плашат најмногу, а тоа е страшниот вирус кој се пренесува од уста на уста. Не вирусот на грип. Туку вирусот на Револуцијата. Вирусот на љубовта кон слобода.

Нека им е.
Начекаа, им дојде време, си се здружи сиот отпад, сето дно, сиот шљам, сега слават, нагазија јако. Ако. Нека продаваат пуфки.

Ние ќе останеме будни и агилни и витални. Уште повеќе него досега. Затоа што нема да помине од само. Ќе видиме дали диктатурата лајт ќе им помине во диктатура медиум, а ќе видиме и, дали на луѓето пукнатиот филм лајт, ќе им премине во пукнат филм јако. Били живи – видели.

Марија Стојанова

Окт.2020