ВЕЛИНОВСКА

ВЕЛИНОВСКА

По парискиот колеж се сложи уште едно важно парче од мозаикот на евроатлантскиот монструозен план за „глобализација“ на човештвото, во кој улога на алатки имаат политичките елити, експертската интелектуала и медиумската пропаганда
Системот што преовладува а го дизајнираа „либертаријанците“ Бил Клинтон и Тони Блер беше официјализиран, значи се практикува како „мека диктатура на либералната демократија“. Барак Обама во два мандата само го надгради и прошири со т.н. Патриотски акт и озаконетото право на шефот на САД да одобрува убиства, ликвидации, воени операции врз поединци, групи и народи низ планетава по шемата „кога сака, каде сака и колку сака“.

Е сега, компаниите што ја спроведуваат оваа „политика“ се државните агенции за специјални дејства (јавни и тајни). Матриксот по кој се спроведуваат овие злосторнички потфати е нешто како кројка на БУРДА, што ќе рече е шаблонизиран и затоа човештвото веќе лесно го распознава. Мора да има исконструиран непријател што е пропагандно демонизиран. Мора да има жртва што е конструкт, мора да има правдољубив јунак – спасител и, секако, победник.

Арно ама овие посебниве, избраниве и натприродниве, поради својата мегаломанија и ароганција се немоќни пред здравиот разум. Разоткриени се сто насто од обичниот човечки мозок.

Парискиот колеж, како и претходниот во „Шарли ебдо“, како и „терористичкиот“ напад на кулите близначки во Њујорк, синхронизираниот терористички напад во Лондон, бостонскиот маратон, авионските несреќи на малезиските, францускиот и рускиот авион, истите имаат иста маана. Злосторствата се изведени благодарение на непрофесионалноста на безбедносните служби. Ги изведуваат терористи од арапско потекло со исламска вероисповед, учипени во терористички мрежи, кои сите од ред поминале тренинг во камповите на ЦИА и нејзините афилијации и на кои очигледно професионално им е буричкано во мозокот за да умрат без да знаат како злосторници. Слабоста на сценариото по кое се изведуваат овие гнасотилаци, а кои го освестија човештвото, се доказите со кои располагаат истите тие служби што затаиле превентивно. Сѐ од ред ситници што упатуваат на злосторниците, ама не вистинските, туку оние кукли што заслужиле да бидат ликвидирани. Епрувети и лични документи што полицијата уредно ги пронаоѓа во првата минута откако стигнува на местото на злосторството. Потоа следува контраодговорот на нападнатите држави и казнувањето на „терористичките“ држави.

Но веќе знаеме горе-долу сѐ, па пропагандната машинерија нема ефекти врз просудувањето, опсудувањето и заклучоците на нормалните луѓе.

Така и ние во Македонија сме на чисто зошто беше извршен преврат во Македонија и зошто беше измислен пржинскиот договор за надминување на „политичката криза“, која по налог како истренирана терористичка група ја изведе раководството на СДСМ, логистички потпомогнато од пропагандната мрежа „бели шлемови“ на цијашот Џорџ Сорос и УСАИД и тренерот Срѓа Поповиќ од КАНВАС. Гневот на планерите, тајните служби на САД и Велика Британија порасна по успешната полициска акција во дивата кумановска населба, каде што со помош на јатаци успешно се инфилтрирала терористичка група, инаку сѐ од ред косовски криминалци-мафијаши, обучена и истренирана во Бондстил од американски инструктори.

За дејствувањето на македонската полиција овие наапани и самобендисани масовни убијци немале поим, иако МВР ни врие со агенти што гордо работат за западните тајни служби. Во екот на акцијата, македонскиот команден центар одлучил да исклучи секаква комуникација со особљето на планерите, што ќе рече ги неутрализирале американскиот, британскиот, европскиот амбасадор, како и ОБСЕ на која „традиционално“ во Македонија ѝ се доделува улога на метач на злосторничките траги. Сето ова, за разлика од Париз, беше провалено пред да ни се случи синхронизиран масакр. Полицијата успешно ја неутрализира групата сосе инструкторите Британци и Американци. Ликвидирани беа, а МВР беше принудено да ги изземе од бројот на ликвидираните убијци. Единствена тајна што остана е со што сѐ ѝ се закани Џес Бејли на македонската влада за таа кротко да отстапи од ветувањето дека сѐ ќе каже отворено и искрено до последен детаљ и да влезе во пржинската гротеска. Никола Груевски, така, од човекот со штит, заврши како политичар на штит. Сега главно се занимава со комунални работи. Оставки беа принудени да дадат двајцата челници на МВР, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, иако требаше да бидат закитени со ордени заедно со сите учесници во акцијата, а особено оние што ги положија животите за нашата безбедност. Но сите имаме приближно иста претпоставка, која МИРИСА НА КРВ. Македонија требаше да стане повод за нова балканска трагедија. Теророт што беше планиран во Дива населба македонските тајни служби го намирисале уште во 2010 година, кога почнале да се занимаваат со групата подизведувачи што работела под британски чадор во Италија. Нам во јавноста ни стана позната откако стартуваше акцијата „шпион“. Арно ама тогаш случајот наменски го дискредитираа, торпедираа или, ако сакате, го избагателизираа медиумските пропагандисти што слободата на Кежаровски (како типичен пример за колатералка „на погрешно место, во погрешно време и со погрешни луѓе“) ја направија клучна состојка за плански да се забошоти нормалното новинарско прашање што мајка барал експлозивот во подрумот на еден од заговорниците и за што требало да биде употребен? Имено, со таков експлозив беше изведен атентатот врз Глигоров и со таков експлозив беше уништен рускиот авион со 224 патници. МВР очигледно работела на расплетувањето на мистеријата, па била подготвена да го неутрализира заштитниот чадор под кој стоеле и Верушевски и Заев. Имено МВР знаело за операцијата „бомба“ многу порано, пред Заев да почне да ги најавува и пушта, ама не ја сметало за толку важна за да го пренасочи вниманието од главната цел, а тоа е да не дозволи да дојде до масакр или атентати. Јас пишував во неколку наврати за успешно пресретнати и неутрализирани терористички групи со бестијални цели. Ликвидирани или неутрализирани беа украинско-чеченски убијци влезени од Турција, преку Бугарија. Па група косовари што учествувале во такви акции во Ирак и во Сирија, кои требаше да изведат синхронизирани масакри во Охрид, Тетово и во Скопје на Водици. Не смееме да го заборавиме и петкратното убиство на Смиљковско Езеро, кое требаше да го активира фитиљот на меѓуетничка граѓанска војна или претходниот подготвен терористички поход, повторно увезен од евроатлантско Косово, кој со недели се криеше во Бродец, а по разоткриеното Гошинце и нападите на полициските гранични станици.

Во сите тие случаи американскиот планер остануваше гневен, а гневот го насочуваше кон Владата и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, пак, овој монструозен комплот на бели супремисти, да не кажам нацифашисти и масовни убијци, безобразно и нескриено се ставија на страната на една платеничка групација сместена во СДСМ и во т.н. цивилен, односно медиумски сектор и стандардно во својата терористичка пешадија ОВК-ОНА и нивната експертско-активистичка логистика. Така и се пропагираа ординарни убијци и психопати во жртви на диктаторска власт. Во 2001 година такви типуси беа промовирани медиумски во борци за човекови права. Иако во светот не е познато борец за човечки права ладнокрвно да резбари човечка кожа или да врзува луѓе за столбови и да ги разнесува со експлозив. Уште помалку е прифатливо декларирани цивилизирани политичари да ги кријат и заштитуваат и ретушираат ваквите садисти. Сакам да кажам, не само во економско-социјалната туку и во безбедносната сфера, Република Македонија се покажа како многу поспастрена и пофункционална држава од овие големиве и етаблирани во клубот ЕУ. Ќе повторам, на умислените а сега веќе поразени светски господари, Македонија во последниве десет години им пречи како очигледен и потенцијално заразен „лош“ добар пример за тоа како одговорно да се управува со држава. За слепците што се индоктринирани да мислат оти американската воена сила и европската колонијална ментална матрица се вечни и непобедливи, ова што го пишувам е неважно и илузија. За сите други што мислат самостојно и врз основа на факти, докази и логика е повеќе од јасно оти на секоја педа од планетава, „ексепшенелистите“ губат со службен резултат. Читајте им ги изјавите на американските генерали и пензионираните оперативци. Сите велат дека се изненадени од ефикасноста на руската армија, затечени од софистицираното оружје за кое ништо не знаеле, за интелигентната и ефектна државна политика што ја нема во меморијата на кремљологот Бжежински. И затоа ме чуди што нашиве новинари се согласија да му бидат публика на некојси лузер Аиво Орав, да одат по директиви кај цијашот Џес Бејли или да соработуваат со таму некојси Ван Хоуте или како веќе се вика тутуруткава. Нив ли сега ќе ги спасуваат од клоци во газот? Руската операција во Сирија ги разгологази пропагандистичките лаги на Пентагон и НАТО. Руската, кинеската, иранската политика му покажаа на човештвото која е целта на хаосот креиран од САД, а помаган од ЕУ. САД прават сѐ да го спречат поврзувањето на евроазиското копно. Војните во Авганистан, Ирак и во Сирија, сектаријанските братоубиствени војни меѓу муслиманите се водат за да се спречи функционалноста на двата крака на Патот на свилата, од кој вториов забрзано се гради како пруга. Како и да е, и двата минуваат низ Ирак и Сирија и стигаат до Европа во Германија, преку Украина. Затоа Вашингтон ја развали Украина, затоа Москва се самозаштити преку Крим. Затоа американската војска ја окупира Европа и ѝ се заканува со организирани мигрантски бранови, односно масакри. Затоа на газдите на Обама им пречи Башар ел Асад, затоа Пентагон има намера повторно да го окупира Ирак. Оти кога ќе се поврзат Европа и Азија паѓа митот за господарот на светот. По што следува домино-ефектот во европските вазалски држави во кои претстои лустрација на општествата и политичката класа и воспоставување нов вредносен систем. Гледам, Британциве и Јапонциве први го разбраа тоа, па избраа алтернатива. Кога те напуштаат најблиските, значи дека ќе ти се пее опело.

Конечно, за да го одложат неминовното, го држат во ропство Балканот, односно си поигруваат со Босфорот како последни адути за палење на Европа и предизвикување светска војна. Мојот совет до сите нас, потенцијални жртви, дивеч за отстрел, е еден ист: Гледајте ја реалноста со свои очи, а не преку розови очила. Не давајте му на мозокот да ви стане жртва на оптички измами, па да гледате нацртани пеперутки заборавајќи на големата слика со многу детали што ѝ даваат смисла. Тоа е функционален систем за рана превенција и ефикасна самозаштита. Сѐ друго е маѓионичарски трик со намера да ве направи жртва за клање.

Автор: Мирка Велиновска