18К на Апасиев

18К на Апасиев

Здравко Савевски обзнание дека  “Левица“ и Димитар Апасиев, во втората половина од минатата година, примиле донација од странство од фирмата “Аутосорс Консалтинг Сервис“ во висина од 18.000 евра. Мал периодз за многу пари, за нешто што не е партија!!! Димитар Апасиев е човек кој ја презеде апсолутната власт во “Левица“ во моментот кога од таа организација успеа да го набрка својот ривал Здравко Савевски.

“Левица“ предводена од Димитар Апасиев беше значаен дел од “Шарената револуција“, а уште поважно важен дел во подршката  за СЈО и Катица Јанева, меѓудругото изразена и со митингувања. Апасиев, згора на тоа, беше ангажиран од СЈО како експерт, па за тоа добиваше сериозен месечен надомест, повеќекратно поголем од неговата професорска плата. За мене не е спорно што СЈО го ангажирало!!! СЈО си барало алиби преку потплатени интелектуалци и професори. Спорно е што здушниот борец за право, правда и почитување на уставот – Димитар Апасиев, се ухлебил во незаконска, неуставна, илиегална и рекетарска групировка создадена од странски тајни служби и аѓенти (Стивенсон, на пример), против кои као шатро се бори. Тој Др.Џекил-Мр.Хајд синдром на подвоена личност и опречни активности, поткрепено со “странска“ ничим изазвана донација, ја прави ситуацијава многу чудна! Тој примал евра хонорар од политички Франкештајн, од СЈО. Од СЈО кое е вештачка, нефункционална, насилена, исфабрикувана креација која пред наши очи се распаѓа на ороспии и говнари (како што питорескно се самоопишуваат).

Имено, “Левица“ се група на граѓани кои сакаат да се партија. Еден мој пријател вели “То им је жеља“. Од таа “група“ само Апасиев е присатен во јавноста, другите се или анонимни или не постојат. Таа група, а ги има уште неколку (Родина, Бојкотирам…), со месеци се обидува својата самозамислена популарност да ја претворат во 1.000 потребни потписи за регистрација на партија. И, засега, неуспешно им оди таа “жеља“.

Настрана идеолошката дилема, како левичарски “херои“ земаат пари од капиталистички фирми, “многу чудна ситуација“ е прашањето финансискава поткрепа за што е дадена? За борба на Апасиев за рушење на фашистот Заев, или за оневозможување на доволен број гласови за опозиционерот Мицкоски кој опасно се доближува до центар-лево гласачкото тело на Апасиев?!

На избори, Апасиев не може да победи. На избори, велам, дури и ако собере 1.000 потписи, а нешто тешко му оди. Вели, после избори (пак, нели, ако собере 1.000 потписи), ќе коалицираме за влада САМО со оној што ќе го поништи Преспанскиот договор!!!

Многу чудна ситуација (трет пат ги користам овие зборови), оти ако било заложбата за поништување на Преспанскиот договор, работењето и примањето хонорар од политички Франкенштај кој беше створен САМО за да се уценат доволен број на политичари за да може да има бројка на парламентарци што ќе гласаат ЗА Преспански, не е само чудна ами и индикативна ситуација. Ако Апасиев е против Преспанскиот, што тогаш соработувал и земал пари од творбата која е направена за да биде постигнат тој договор?

Медиумите провладини, проамбасадски, пробриселски, проопозициони ја преспаа оваа донација за партија која тоа не е во овој момент!

Да замислиме партијата на Бачев да примеше од Швајцарија 18.000 евра, што халабука ќе имаше?! Да замислиме, партијата на Стоиљковиќ да примеше 18 илјадарки од Белград? Да замислиме Шехтански такви пари да примеше од Русија?

Па, во тие случаи медиумите, џабирдерали, сашордановци, телми и слични ќе отвараа и затвраа централни дневници со таа вест.

Сразмерно на големината на партијата, да замислиме ВМРО ДПМНЕ (Левица нема 1.000 а ВМРО ДПМНЕ брои во стотици илјади) да примеше соодветно на големината донација. Еве да кажеме не 100, ами 10 пати поголема?! Од странство, од “запад“ фирма да му префрли на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски 180.000 евра? Па од вечерва до избори само тоа ќе се збореше. Од каде, зошто, кој, како…

Мене ми е јасно дека во ова предизборие, каде победникот е извесен, дури и Кети од Кале (Кејт Брнс) тоа дипломатски го соопшти, ќе бидат ушприцувани чудни пари на чудни адреси. Победата на опозицијата, односно поразот на Заев и СДС не смеат да се големи – тоа е стратегијата. Пораз, ама со гол-у-гости.

По молкот или галамата околу примателот на донациите ќе биде јасно за што се наменети тие пари? За рушење на Заев или за негово спасување.

Засега за 18К на Апасиев – молк!!!

 

Миленко Неделковски Македонски – Никогаш с……

Д. Чичево

31.01.20  –  18.02 ч.