ВЕЛИНОВСКА

ВЕЛИНОВСКА

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=813141135161&id=9&prilog=0&setIzdanie=

Кога се крчкаше рамковниот договор, СДСМ беше коалициски партнер во концентрациската влада, со која номинално раководеше Љупчо Георгиевски, а на чело на државата беше Борис Трајковски, со кого управуваа Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчкоски, Владо Поповски, Доста Димовска, Ѓунер Исмаил, Стево Пендаровски и Зоран Јолевски. Последиците со кои живееме се нивно дело. Од тоа нема бегање. И учките што седат дома, а земаат државна плата, и кадрите што со четврто одделение а со факултетски дипломи се дел од државната администрација, лекарите што од медицина знаат само за „аналгин“, а од судство само за крвна одмазда, и амнестираните злосторници против човештвото, сето тоа е нивно политичко наследство и производи со кои, разбирливо, не можете да одите во културен натпревар меѓу народите оти нема муштерии за ваква „стока“ ни во регионот, а камоли надвор од него. Додека Македонија не се ослободи од ваквиот политички отпад, во опасност е самата да стане радиоактивна депонија што го загрозува регионалното здравје.