Во време кога ретко кој се понаша холандски, шведски или белоруски, си велам да ставам некое слово кое не е поврзано со корона вирусот. Оти, преку Тасета и од Корона и од лажната паника.
Најнапред, ако нешто ми се деси, однапред кажувам дека не признавам дека сум умрел од корона. Од срце, од удар, од компликации, од напор – да, од корона не.
12-ти април е за 11 дена.
Избори нема да има. Тие, како што уште од август пишувам, ќе се редовни, што уште еднаш ќе покаже дека ВМРО ДПМНЕ не знае да направи медиумска, PR и политичка стратегија за рушење на власт и излегување на предвремени. Патеката на Георгиевски и Груевски, еве сега ја оди и Мицкоски. ВМРО ДПМНЕ со влада со мандат од две годиники, а СДСМ постојано со 4-годишен мандат.
ВМРО ДПМНЕ доби две шанси досега. Ги прокоцка, не’ разочара и со двата премиера што ги имаше (Емил Димитриев не го сметам во оваа бројка). “Војводата“ Љупчо Георгиевски стана блгарин, а патриотот Никола Груевски се доведе во ситуација да се заблагодарува на двете фашистички организации (НАТО и ЕУ) кои ни го сменија името, кои се залагаа за “балкански методи“, кои го срушија него од власт, кои го осудија за глупости (Мерцедес) и кои го испратија во Пешта каде се посвети на пишување Фејсбук статуси. Од најдобар премиер на Македонија, стана еднаков со фејсбукчиите Јоци, Тричко, Миленко, Бобан, Пази Дупе, Бозо и слични. Јак achievement, нема што.
Микоски е следната понуда од ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе е трета среќа или трето разочарување, ќе каже периодот после октомври 2020.
Од оваа перспектива чесно е да констатираме дека пред да дојде “војводата“ Љупчо на власт, никој не предвиде дека ќе не’ предаде на бугарите. Бидејки, ако ништо друго, во Царево село татко му бил српски џандар. Исто така, никој жив не предвиде дека Груевски ќе успее да ја издигне Македонија толку силно економски и идентитетно, па од македончиња да не’ направи Македонци. Тоа значи дека сите сегашни “ванѓи“ за тоа каков ќе биде Мицкоски ако стане премиер, своите заклучоци ги донесуваат единствено врз база на свои лични комплески, фрустрации и без никакво предходно докажано знаење или успех во предвидување.
Има само двајца луѓе кои исклучително ги ценам според нивните резони, анализи, дела, доблести… Значи, комплетни и релевантни ликови. Тоа се моите партнери од “Бриселската тројка“ Мирка и Бобан. И, морам да кажам, дека на различен начин ние на моментната политичка ситуација во Македонија гледаме исто. Имено, дека МОРА Зоран Заев да биде срушен и набркан од власта, барабар со неговата партија која со закон мора да биде забранета како штетна, антидржавна и антинационална.
Мојот став (Мирка и Бобан ќе си кажат за себе) е дека first thing first. Прво мора да биде збришан Заев и избришан СДСМ.
Никаква персонална, политичка или било каква друга борба која не е насочена исклучиво кон СДСМ и Заев, не придонесува за поразот на Заев. Група луѓе може да собира потписи, тоа е нивно право. Мали партии можат да кандидраат свои луѓе, и тоа е нивно право. Може да се критикува ВМРО ДПМНЕ, да се напаѓа Мицкоски – и тоа е право на слобода на изразување. Ништо тука не е спорно. Но, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски не можат да бидат виновни за личниот неуспех, несобирање потписи, немање доволно гласачи, немање пратеници, немање инфлуенца… И, не може таа борба, борбата против Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ да е поважна и поприоритетна од борбата против фашистичкото зло кое ја води оваа држава.
Мицкоски не се спротиставил, ВМРО-вците не излегле на протести, требале да направат ова или она. Добро, се е тоа во ред. Ама Заев направи дупка од две-и-пол милијарди, Заев и Димитров потпишуваа и бакнуваа пенкало на Преспа, Заев прави притисок врз заедничката Македонско-татарска комисија, Заев ги уценуваше 8-темина гниди од ДПМНЕ, Катица за рекетот на Заев се повикуваше, Боки13 исто така, Заев не ги даде сите прислушкувани разговори, Заев и Вице во своја банда го земаа Сашо Шиптар, Заев излажа за сФе од буџет, преку укинување кредити и камати, преку идентитет, Заев не’ бламира низ светот причајучи српски и англиЈски, Заев и Вице се богатат, ќерката на Заев во најголемата криза купува аута, Заев за своите 12 пријатели купи и им подари 12 најскапи BMV мотори, Заев со Кацарска ги стави браќата во зандана, на Заев докторките не пријавуваат дека се коронисани, Заев… Значи Заев а не Мицкоски. СДС а не ВМРО ДПМНЕ.
Неактивноста, односно пасивноста на ВМРО ДПМНЕ, пеењето наместо бунтување во парламент, неизлегувањето на улица, упикување на странските амбасадори од западниот свет и десетици други “дела“ одат на контото на ВМРО ДПМНЕ, тука нема дилеми. Ама, Заев е тој што треба да си оди.
Тепањето по ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски (со сите материјали што ги поседуваме јас и Бобан Нонковиќ) ќе дојде на сцена тогаш кога најмногу ќе ги боли “патриотите“ од хорот што ја пееа песничката “Ова е пуч“ – односно, кога ќе бидат на власт. Кога ќе им се пушти комплетната соросидна булумента од телевизии, весници, портали, аналитичари, емисии – а, ВМРО ДПМНЕ така традиционално медиумско-PR инфантилен нема да има своја одбрана бидејки нема свои автентични десничарски и националистички настроени новинари, медиуми, невладини…
Тогаш, велам, најмногу ќе боли кога ударите од оние што ништо не бараа, ништо не добија, ништо немаа ќе земат медиумски да маваат. Преку Дудинка, секако. Никакви пари од Маџарска, од Јанша, од Грујо тогаш нема да играат – оти не е се во парите. Во овој момент Мирка е на минимална пензија, Бобан на социјална помош од белгијската држава, Миленко е без никаков ангажман и прилив. Финансиски овие тројца се тапа, ама влијанието не само што не го губат, ами се зголемува. На пример, директорот на Алфа се фали оти најгледаната негова емисиа имала 45.000 гледачи. Цела телевизија, со стотина врабтени буџет месечен над 100.000 евра е со 45.000 гледачи. Па јас, на Јутју имам по 45.000, Васко Ефтов два пати повеќе, Бобан Нонковиќ во неговото најсилно јавување 250.000 прегледи. Не е до парите, до довербата е.
Значи, најнапред паѓање на Заев како приорите, а потоа топик ќе стане ВМРО ДПМНЕ и нивниот премиер. Секако, доколку работат во интерес на народот, критика нема да има, Но, гледајки го кадровскиот потенцијал, и доколку не се исчистат груевистите и мијалковистите во партијата, ќе може да се отворат папките во кои има се’ и сешто.
Уште еднаш: Прво паѓање на Заев, потоа стрелба кон Мицкоски. Никако обратно.
А оние што овој редослед го извртеа, па приорите на нападите им е Мицкоски, ја потврдја старата црногорска “Не пада снијег да покрије брег, веч да звјери открије траг“.
Дали Миленко ќе напаѓа? Да, сигурно. Да, аргументирано. Ама само кога за тоа ќе дојде време и кога најмногу ќе боли.
Миленко Неделковски
Скопје, 01.04.20
Колумната е посветена на една моја редовна читателка и поддржувач, соборец од митинзите и протестите, која прерано почина, а денеска бев на нејзиното погребение на гробиштата во Бутел.
Бог да ја прости.