Се убаво тоа.
Само уште да разбереме како државен службеник успева да заштеди 11-и-пол милиона евра само за гаранција?!
Првиот човек на Тајната полиција колкава плата има? Колку успева да трга на страна? Другите директори пред и по него, недомакини. Не си штеделе?!
Ако е од бизнис, кој ли е тој толку успешен бизнис? Се има ли документација за платени даноци, придонеси…?
Зошто никој медиуми, и про-владини и про-опозициони, не ја отвараат оваа тема? Топ тема, Сител вести, Заспиј ако можеш, 24 вести, Само вистина, Само интервју… – било кој, многу сте усрани, бе!
МВР, Управа за приходи, Финансиака полиција, Спречување перење пари, Ќурка, Ставревски, Груевски, Заев – некој, било кој?
Да се разбереме, на нашиот пат кон ЕУ (непосакуван од мене), не не спречува ни Бугарија, ни Грција, ни Франција!!! Туку самите си се спречуваме.
Закони имаме – нивна примена, не.
Редакција Дудинка.
30.12.21 Скопје