Од цел Холивуд, само режисерите Оливер Стоун и Вуди Ален, актерката Линзи Лохан и актерот Тони Денисон имаа храброст да го видат очигледното и да кажат дека Херви Веинштајн е жртва на лов на вештерки.
Стоун го имаше најлогичниот одговор и “новинарите“ ги праша – Како може човек, чии “жртви“ кажуваат дека во ниту еден момент не бил насилен кон нив, да го обвините за силување?
Лудилото продолжи, па една минорна актерка, само затоа што Стоун го праша логичното, го обвини филмскиот геније дека е ист како Веинштајн, замислете, само затоа што некогаш и пратил букет и ја поканил на вечера. Во очите на либтардите (мешавина од либерал и ретард), да пратиш цвеќе е манијакално сексуално злоставување.
Можеби оваа четворка која го поддржа Веинштајн не вреди квантитативно како бројка, но по број на направени добри филмови, се далеку пред сите. Ме разочара Тарантино, но останува уште Клинт Иствуд да го каже својот став (се мислам дека е на страната на Херви) и три од четирите најдобри режисери на планетата, ќе стојат зад продуцентот.
Според мојата маленкост, скандалот со Веинштајн е доказ дека американската верзија на либералната демократија, полека си заминува од мејнстримот па во немоќ го покажува своето вистинско, тоталитарно лице. На крајот од тој неуспешен идеолошки дискурс, самиот удира по својата основа, сексуалната револуција и сексуалното ослободување на човекот.
Да и се пушташ на жена, не може да биде протолкувано како сексуално злоставување или силување. Па макар и да работиш во иста индустрија и на исти филмски проекти со неа. Сексуалноста е најнормален порив на човековите битија и сите оние кои сакаат да го покажат спротивното, се на исто рамниште со најголемите религиски фанатици (џабе себеси се гледаат како либерали, кога од либерализмот им останала само декларативната заложба). Нормално, силувањето е одвратна работа, еден од најгадните чинови кои човекот може да ги стори, но таму има насилен акт, а по којзнае кој пат ќе повториме – Веинштајн во ниту еден момент не бил насилен.
Ова е особено така затоа што сите “жртви“ на сексуално злоставување, организирано преку New York Times, му се нафрлија на Веинштајн и го обелоденија “страшното“, замислете, овој монгул имал храброст да им се пушти! Дел од нив легнале со него и тоа било силување, затоа што тој кога им се пуштал тоа било од позиција на моќ како влијателен во филмскиот бизнис. Тоа што тие рашириле нозе за да добијат улога е ирелевантно, морале, биле присилени од неговата моќ а не од неговата сила ви машкиот филмски свет. Абе ајде…. праќање букет и пуштање на женска стана рамно на сулување. Во Саудиска Арабија се послободни луѓето од ова лудило кое како морален и политички систем го шират либтардите.
Previous Post: АРМАГЕДОН ДПМНЕовски