Љупчо ЗЛАТЕВ

Колку и да го мразиме Џорџ Сорос и да сме жртви на политичките пиздарии кои ги прави, мора да му признаеме дека е генијалец со најдобриот трговски модел.
Имено, Сорос е пазарен фундаменталист, кој верува дека движењата на финансискиот пазар (Foreign Exchange Market, скратено Forex а познато и како Interbank) се рефлексија на останатите фактори кои се случуваат во една земја. Тој ова го објаснува во неговата книга “Алхемијата на Финансиите”.
Имено, ако има поголеми политички или безбедносни турбуленции секогаш без исклучок цената на валутата во однос на другите може да варира и по неколку стотици пипса (тоа се последните две или три цифри после запирката на куповната и продажната цена на една валута), реперкусите се одразуваат на краток рок. Пример, ако денес Џереми Корбин пушти бомба, телефонски разговор во кој Тереза Меј кажува дека ситуацијата е многу лоша и дека економскиот балон ќе пукне кај и да е, тоа ќе се рефлектира со неколку стотици пипса. Во тој случај ако на берза Сорос инвестира 100.000 милиони долари дека цената на Финтата ќе падне во однос на Еврото или Доларот, и тие 100 милиони ги стави со 1:100 левериџ, може да заработи од 10 до 20 милиони долари во еден ден, затоа што утре изутрина ќе ја затвори берзанската трансакција.
Неговата мрежа на невладини организации е всушност главниот фактор во неговата формула за успех, затоа што тој има предност во однос на сите останати – тој, преку невладините и политичката лоби мрежа ги креира турбуленциите на пазарот и ги води процесите. Ова е најпластично објаснување кое можам да го дадам, во позадина процесите се многу покомплицирани но фундаментално секогаш завршува така. Да речеме турбуленциите овде резултираа со намалување на трансакциите со странство, што значеше дека на микро ниво со тоа барем малку Сорос успеа да ја намали цената на Еврото во споредба со другите (затоа што ние сме цврсто врзани со него), па знаете, еден пип од ваму, еден од таму и оп милиони на берза.
Кој што сака нека каже, човекот е генијалец. Во некои свои интервјуа и самиот кажува дека идеологијата за отворено општество е одлична платформа за да си ги креира турбуленциите кои му носат милијарди. Јас го почитувам поради тоа, но никако не можам да го почитувам дебилите кои веруваат во неговиот концепт за отворено општество, кој е само обичен модел за профит на берза. Барем 70 посто од нив тоа го прават за беспари или ситни пари.
Знаете, оние што веруваат во Сиентологија се понормално од Соросоидите кои се тоа што се за ич или малку пари.