ЉуБчо предавникот и капитулантот

ЉуБчо предавникот и капитулантот

РАЗБУДИ СЕ НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, НЕ СПИЈ ТИ!

Емилија Гелева

Љубчо Георгиевски, бизнисмен кој одвреме навреме ја бранува македонската јавност со своите провокации околу Македонија, последно се јави со некаков си негов план како да сме и удоволиле на Бугарија и да станеме дел од неа и ЕУ. На што се должат ваквите целосно извртени тези на Георгиевски?

1) Откако во 2001г. тој како премиер и се спротивставуваше на меѓународната заедница колку што можеше и не докрај, а соросоидите распослани низ бројните медиуми постојано ги напаѓаа и подриваа напорите на владата за одбрана на Македонија и него лично, и откако стана бизнисмен тој сфати дека е многу побизнисменски да си и портпарол на “меџународна” (глобалфашистичка заедница) отколку да се бориш против неа. Затоа и направи свртување од 180 степени. Не дека и во 2001 г. не знаеше колку се опасни ова глобалсатаните ама нешто можеби како “македонски ‘ркулец” во него не му даваше да им ја предаде целосно Македонија, се додека заканите за неговиот живот не станаа сосема директни.

2) Сега, вака “бизнисменски”, со своите изјави изгледа како да претставува заднинска логистичка поддршка на локалните глобалфашистички слуги Заев, Бучко и компанија. Но, неговиот “план за побугарчување” не наиде на преголем публицитет во Бугарија оти тие луцидно препознаваат дека ваквите скандалозни изјави на Георгиевски имаат и поинаков ефект – поточно се толку одвратно антимакедонски што би требало да го разбудат до крајни граници РЕВОЛТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој разбуден од дремката дека некој друг ќе го спаси, најпосле сам ќе се самоорганизира (во недостаток на вистински лидер и опозициона партија) и ќе му се спротивстави на Заев во реализирање на неговата погубна агенда за Македонија и Македонците.
Така што, драги мои, кога го напаѓате Георгиевски имајте на ум дека тој знае каков ефект сака да постигне. И, за жал ни покажа дека нас Македонците ништо не може да не разбуди од зимскиот длабок сон, дури и кога сме на работ на понор во бездната од која нема враќање.

ТАКА ШТО, ДРАГИ МОИ МАКЕДОНЦИ, НЕ СЕ МАЧЕТЕ СО ИЗЈАВИТЕ НА ГЕОРГИЕВСКИ, И НЕ ПОЛНЕТЕ СИ ЈА ДУШАТА СО ЈАД И ЧЕМЕР И НЕГАТИВНИ ЧУВСТВА. ЕВЕ, ЈАС ВИ ПРЕДЛАГАМ ДА СЕ САМООРГАНИЗИРАМЕ И СО ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА ДА ГО ПОКАЖЕМЕ НАШИОТ ОТПОР И РЕВОЛТ ПРОТИВ ЗЛОСТОРНИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ НА ЗАЕВ. ПИШЕТЕ ОВДЕ ДЕКА СТЕ “ЗА” ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА СЕБЕ И ЗА МАКЕДОНИЈА. АКО ВЕ ИМА БАРЕМ 300 ЌЕ ДОГОВОРИМЕ ТЕРМИН И УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВИМЕ ПРОТЕСТОТ. АКО НЕ, НИКОЈ НЕ НИ Е КРИВ ЗА ТОА ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА. ГОСПОД ДА НЕ ЧУВА, ВО ТОЈ СЛУЧАЈ!

 

Скопје, 02.03.21