Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ

Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ

АЛХЕМИСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА. Кога Собранието на Република Македонија ги распиша изборите за претседател на Државата (7.02.2019.) ги распиша за претседател на Република Македонија. Значи, изборите беа распишани од Собранието на Република Македонија (бидејќи тогаш сè уште не постоеше творбата Република Северна Македонија) за избор на претседател на Република Македонија, бидејќи (некој и да сакал) не можел да распише избори за Република Северна Македонија, т.е. за тогаш непостоечката творба. Сепак, Државната изборна комисија (ДИК) на 21.03.2019 година донесува Заклучок со кој се утврдуваат кандидатите за избор на Република Северна Македонија (!?). Оттука, следат барем четири прашања:

(1) Како ДИК ја изврши трансформацијата, односно алхемијата според која Република Македонија стана Република Северна Македонија?

(2) Со кое право (законско, морално и човечко) кандидатите за избор на Република Македонија се с о г л а с и л е да станат кандитати за претседател на Република Северна Македонија?

(3) Ако некој од нив (сеедно кој) не се согласува со оваа алхемисха трансформација, дали ќе се откаже од учеството на изборите?

(4) Ако не се согласува, кога своето несогласување/повлекување ќе го соопшти?

Прашањата, се надевам, не се толку тешки за да не може на нив било кој ум, колку и да е скуден, да одговори. Или, и понатаму ќе си играме мижитатара, во стилот: „Не знам, нисам одавле“?