Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ

Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ

КОЈ ИМА ДИЛЕМИ… Вчерашното обраќање на 13-от Генерален секретар на НАТО пред македонското Собрание, може да се сведе на следново. Република Македонија ќе биде примена во НАТО ако самата, што значи доброволно, си го смени името. Ако од било кои причини тоа не го стори, тогаш името ќе ѝ биде сменето и ќе биде примена во НАТО. Значи, членството во НАТО не ѝ гине, а во НАТО се гине.

Втората значајна порака беше дека политиката е над правото, односно дека не е битно каква одлука донел судот во Хаг (2011), бидејќи НАТО носела политички одлуки. Сѐ е кажано јасно, гласно и европски, за да нема дилеми. Кој има дилеми, тој не е начисто самиот со себе и самиот со себе треба да расчисти.