Во некоја од бомбите, од 30-тата нагоре, тогашната министерка за внатрешни си прави чамче муабет со тогашниот министер за финасии Ставревски.
Наместо Јанкуловска да го водеше министерството ефикасно, па да бидат превенирани сите можни антидржавни активности, вклучително и прислушкувањето, таа го остави Зоран Верушевски и неговата банда да командуваат со центарот за прислушкување. Да снимаат, документираат и праќаат на заинтересирани адреси.
Па така, наместо да си ја гледала работата, па да ја брани Македонија, ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски таа како свекрва пред коперација се фати со детално оговарање на сите што и се во видокругот. Никој не и беше арен.
И, во триесет-и-некојата бомба таа и Ставревски констатораат дека Пешевски ќе гостува во емисија кај криминалец. Односно кај мене.
И, ете, времето си тече, ситуациите се менуваат. Улогите исто така.
Еве сега Гордана Јанкуловска е кримилаецот. Не за некоја мала сума, не за дестеина илјади марки/евра, ами за над 30 милиони евра.
И еве, јас тоа не го велам шепотејки по телефон, сметајки дека никој не ме слуша, ами јавно, јасно и гласно го пишувам и велам.
И сеа, шу праиме?