На денешен ден убиен е Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан паша и Старикот [1], (18 мај 1872 – 10 април 1915) — истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација.
————–
На 20 април 1915 година, Сандански заминал од Роженскиот манастир за Неврокоп. По пат преспал во родното село Влахи. Следното утро продолжил сам, без придружба и заштита. Кај месноста Блатата, била поставена заседа и бил отворен огран врз него. Јане Сандански паднал од коњот и ја скршил ногата, меѓутоа престрелката продолжила. Нaпадот бил извршен од околу седум до осум души воружени со пушки. Напаѓачите биле од неврокопската реонска чета на ВМРО на Тодор Александров. Еден од нив усоеал од задгрб да го застрела Сандански [49]. Според некои извори, организатор на убиството на Сандански бил Стојан Филипов, а како физички убиец се посочува Андон Качарков. Подоцна судот ги ослободил поради недостиг на докази. Јаневото тело било пронајдено од еден караван, по што било пренесено во Роженскиот манастир. На околу 200 метри источно од овој манастир се наоѓа црквата Св. Св. Кирил и Методиј изградена во 1914 година, под ктиторство на Самиот Сандански. Тука се наоѓа неговиот гроб. На надгробна мермерна плоча се читаат неговите зборови:
Да живееш значи да се бориш. Робот – за слобода, а слободниот – за совршенство