“На лидерска средба ќе одам само доколку се договорат предвремени парламентарни избори” – Мицкоски.
И ОК, но да се излезе во јавност и да се каже што се сменило во мегувреме за промена на ставот за да се запознае јавноста од која нели се очекува и поддршка….
Во вторник опозицијата прифати да оди на лидерска средба со власта на тема закон за ЈО, каде лидерот на опозицијата ќе “пробал” да ја наметне темата за предвремени избори.
И се тоа е во ред но чуму ставови кој се менуваат од ден на ден? Според мене од досегашното искуство не треба да имаш крајни линии каде после сам ќе си ги погази….. Но…. политиката се покажа како непринципиелна и каде нештата се прават само и само да се угодат некој работи не за оние кој те гласале ами за оние кој ти дават мегународна поддршка….
Ваквите попуштања ниту влеваат еден нескршлив дух и пристап во самата опозиција нити го обединува и така раштрканото партиско членство кое никако да му се врати победничкиот дух и елан за да сработи рушење на ова неспособна власт во секое поле.
Моменталната атмосфера кај народот е дека по секоја цена ќе гласа против ова неспособна власт но исто така нема да се обедини во давање на мандат масовно на партијата ВМРО-ДПМНЕ која не покажа конкретни чекори со кој ќе ги придобие симпатиите на оние разочараните кој очекуваа ПРАВДА И ЗА ДАВАЊЕ СЕРИОЗЕН УДАР НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ.
Затоа тешко дека на следните избори народот ќе застане зад бајракот на некоја си партија во случајот како што ги повикува ВМРО-ДПМНЕ туку најочигледен е дека тоа ќе биде под бајракот на МАКЕДОНИЈА!
Е сега опозицијата доколку сака да им се приклучат масовно сите и да ги донесат повторно на власт потребно е ВМРО повеќе да биде ВМРО одколку ДПМНЕ ако ме разбирате што ми е поентата на муабетот, и исто така да ги освежи оние места и ликови каде повеќе изборни циклуси по ред губат катастрофално а упорно не се менуваат ликовите кој директно предизвикуваат дебакл поради нивното нечовечно и шерифско однесување кон сопствените членови и сограѓани и каде кон истите не уживаат ама баш никаков кредибилитет и симпатии а сеуште се лице и на ова ново раководство кое има навистина една друга визија и енергија но од таквите погоре опишани се доаѓа до мислење дека е се исто само се сменил лидерот а играчите во неколку градови се истите кој цело време се на истите партиски функции или во најмала рака само изротираа или навидум ги нема а со нивното влијание сеуште се тука присутни и сеуште квалитетниот кадар го држат на дистанцастравувајки да не им ги заземат нивните места поради неспособноста да се привлечат нови и способни луге и нови лица со кој ќе се промени сликата конечно и ќе се виде сликата на едно победнички тим со кој нештата ќе се придвижат во позитивна насока и ќе се засука ракавите за да се направи #Обнова на #Македонија почнувајки од секој град и директно ќе се отворат перспективите и шансите за да успее секој кој поседува вештини и способност без разлика дали е близок со некој внатре со раководството дали некој имал линк во ИК дали некој на некој му бил баџанак и сл. Само така може да дојде и до #Обнова и до вистинска преобразба на ова досега што го гледаме, а сето тоа да се случи потребно е да се направи тим во кој ќе бидат најдобрите а не најблиските по послушност на раководните структури оти лојалноста на крај краева се покажува со конкретни резултати а не со бесконечно кимање со глава само и викање ДА ШЕФЕ, ТАКА Е!
Затоа да победиме како нација најпрвин ПОД БАЈРАКОТ на МАКЕДОНИЈА а потоа да си ја обновиме државата и конечно секој еден и од лево и од десно чесен човек способен и кој стреми кон подобро да биде дел од оние кој ќе остават свој потпис и печат за сето тоа да добие форма и опиплив вредносен шмек кој ќе биди од општо добро за сите и сите да ги почуствуваме бенефитите од целокупниот резултат кој ќе се добие од нашиот труд, способност, креативност и желба за подобро.
Да живее Македонија!!!
#ВМРО
Јане Ангелов
Струмица, 06.09.19