ЈАНЕВСКИ

ЈАНЕВСКИ

ПРАСКИТЕ ОД РОСОМАН И СЛИВИТЕ ОД ШУМАДИЈА КАКО СТОЛБ НА ПОЛИТИКАТА НА ЕУ

На ЕУ ~ пречело ако земјите од Балканот ја искористеле блокада со која Русија одговори на санкциите што ~ беа наметнати и ако почне да продава повеќе храна на 150-милионскиот руски пазар. А уште пред неколку месеци, ако не се лажеме, нашиот друг (односно прв) стратешки партнер неофицијално ~ставил до знаење на македонската Влада дека не би било добро ако домашните компании помислат дека можат да го помирисаат испразнетиот руски простор.

Бриселските Европејци се чудни луѓе. Kлучната моќ на руската држава и на Владимир Путин не лежи ниту во праските од Македонија ниту во сливите од Србија или пилињата од Бразил. Тоа не се ниту милијардите на олигарсите, кои, ете, САД и ЕУ ги ставија на црната листа. Неговата моќ, целата надеж на Русија, во основа се базира на нафтата и гасот. И ако сакате да му нанесете штета на Путин, с` што треба да направите е да го блокирате кај двата енергента. Тоа значи, покрај санкциите за олигарсите (кога сме веќе кај нив, како што се Роман Абрамович и лондонскиот „Челси“ на чело со Мурињо?), едноставно треба да се прекине увозот на нафта и гас. Ама така и голем дел од Западна Европа ќе треба да се жртвува. Ќе треба да си го наруши комодитетот. Ќе почувствува економски потрес. И тоа голем. А до толку, очигледно, Украина не ~ е при срце на Европа, што некако нема смисла бидејќи приказната што нам ни ја продаваат е дека не се борат за Украина, туку за демократија. И за слобода. Од што некако произлегува дека, наспроти сите лекции што сме ги учеле, слободата сепак има цена. Значи, според Брисел, Берлин и да не ги редиме натаму, слободата може да се измери. Во овој случај, таа вреди колку што вредат барелите нафта и кубните метри евтин руски гас што ЕУ ги купува од Русија. Тоа е максималната цена. Минималната е спонзорствата на разни спортски клубови (како германскиот ФK „Шалке“) од „Газпром“, кои со широки раце се примаат и во Германија и во која било друга земја, што приближно значи дека ЕУ всушност нема проблем со Русија. ЕУ ги сака руските пари, го сака рускиот гас и ја сака руската нафта. Ама затоа проблем ~биле шумадиските сливи и росоманските праски, кои треба да се усогласат со надворешната политика на Брисел.

Згора на тоа, усогласувањето на македонската надворешна политика со таа на Брисел во овој момент веројатно подразбира и усогласување со тоа дека нема да има прием на нови членки во ЕУ во наредните пет години. Надворешна политика на Брисел е и дека Македонија мора да ~ попушти на Грција. Тоа, според системот на врзани садови, подразбира дека Македонија би морала својата надворешна политика да ја усогласи така што ќе почне да работи против себе. Kако што тоа го направи Бугарија. Нејзин интерес е „Јужен тек“ да минува низ нејзината територија, ама откако ~ наредија поинаку, таа ја свитка главата и почна да си гледа во врвот од чевлите. Што е тоа поинакво од времето на Варшавскиот пакт не е баш најјасно, ама нејсе.

Патем, ЕУ ќе ги субвенционира земјоделците што ќе изгубат поради забраната за извоз во Русија. Ама тоа немало да биде доволно. Дали тогаш може ние да се обврземе дека ќе го увеземе вишокот производи што на Европејците ќе им остане поради Русија? Ете, да им се најдеме на луѓето. Не дека ни требаат полски јаболка, не дека имаме пари за тоа, ама ете. За да бидеме поголеми Европејци од Европејците.

СДСМ конечно ја обелодени својата стратегија. Пет илјади тима, веројатно од по најмалку тројца луѓе, ќе оделе од врата на врата. Петстотини илјади семејства ќе посетат. Или по сто семејства секој тим. За еден месец завршена работа. Прашањето е само колку месеци ќе им требаат за тимовите. И прашањето е што ако по тој еден месец, односот ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ повторно биде 25 отсто наспроти 12. А односот Груевски-Заев 30 наспроти 10 отсто. Впрочем, нешто слично се случи по работното лето на Бранко Црвенковски од пред некоја година. Има ли некој поим зошто сега би било поинаку?

http://dnevnik.mk/?ItemID=35C22C9CAE4F0744BAAA3FB48884117E