ЈАНЕВСКИ

ЈАНЕВСКИ

Има ед­на ра­бо­та по­вр­за­на со т.н. из­бор на Та­лат Џа­фе­ри, а ко­ја по­ми­ну­ва она­ка не­за­бе­ле­жа­но во це­ла­та оваа гуж­ва. Име­но, со­се­ма нор­мал­но е, ло­гич­но, СДСМ и не­го­ви­те ор­та­ци, сце­на­та што ја при­ре­ди­ја со не­де­лов­нич­ко­то гла­са­ње да ја из­ве­дат до 16 ча­сот, од­нос­но пред по­че­то­кот на про­тес­ти­те на „За За­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“, кои два ме­се­ца поч­ну­ваа во 17 ча­сот. Зна­чи, мо­жеа да пре­диз­ви­ка­ат пре­кин на пос­тој­на­та сед­ни­ца, мо­жеа да по­ба­ра­ат па­у­за, па да го ис­фин­ги­ра­ат Џа­фе­ри и слич­но. Но с` што имаа на ум да пра­ват бе­ше со­се­ма нор­мал­но да го нап­ра­ват по­ра­но. Тие ре­ши­ја, тоа да го при­ре­дат по 18 ча­сот ко­га над­вор има не­кол­ку ил­ја­ди лу­ѓе. И кои два ме­се­ца им по­ра­чу­ваа, им ста­ваа до зна­е­ње, што мо­же да се слу­чи. Е, ко­га го зна­еш тоа, ко­га ти е ка­жа­но, ос­та­ну­ва зак­лу­чо­кот де­ка си бил све­сен или ако са­ка­те, прак­тич­но си ги по­ви­кал лу­ѓе­то да вле­зат.
Зош­то тоа би би­ло пот­реб­но, зош­то пра­виш неш­то ако зна­еш де­ка тоа ќе пре­диз­ви­ка влез во Соб­ра­ни­е­то на лу­ѓе­то? Има две мож­нос­ти: ед­на­та е де­ка СДСМ не оче­ку­вал де­ка тоа на­вис­ти­на ќе се слу­чи, а ако се слу­чи, де­ка не­ма да пре­диз­ви­ка на­сил­ство кон пра­те­ни­ци­те, ту­ку евен­ту­ал­но ќе има кр­ше­ње на ин­вен­та­рот и тол­ку. Вто­ра­та е де­ка СДСМ и ал­бан­ски­те пра­те­ни­ци се ста­ве­ни во уло­га на жрт­ве­ни пи­о­ни во пар­ти­ја­та шах што ја во­ди не­кој друг. Зош­то?
При­чи­на­та е ед­нос­тав­на. По два ме­се­ца про­тес­ти и ко­га прет­се­да­те­лот Ива­нов по­ка­жа ис­трај­ност во ста­вот де­ка не­ма да го да­де ман­да­тот ако не се отс­тра­нат прав­ни­те и по­ли­тич­ки­те преч­ки, це­ла­та си­ту­а­ци­ја бе­ше до­ве­де­на на не­кое ни­во на из­глед­но ре­ми во кое пред­ност имаа Ива­нов, „За За­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“ и ба­ра­ње­то за но­ви из­бо­ри. Со ве­ќе нес­по­рен пре­ов­ла­ду­вач­ки впе­ча­ток де­ка лу­ѓе­то што про­тес­ти­ра­ат (а во еден мо­мент, на при­мер, при по­се­та­та на Хан, нив­ни­от број дос­тиг­на не­кол­ку сто­ти­ни ил­ја­ди) и лу­ѓе­то што не из­ле­гу­ва­ат на ули­ца, но ги под­др­жу­ва­ат, беа жрт­ва, а СДСМ и ал­бан­ски­те пар­тии беа аг­ре­со­рот што ја на­пад­на др­жа­ва­та со пос­тиз­бор­на­та ти­ран­ска плат­фор­ма. И таа вис­ти­на очиг­лед­но тре­ба­ше да се сме­ни. Би­деј­ќи таа всуш­ност го бло­ки­ра тоа што бе­ше име­ну­ва­но ка­ко пос­тиз­бо­рен ин­же­не­ринг.
Да се оби­де­ме пос­ли­ко­ви­то да го об­јас­ни­ме тоа со сли­ка­та од нас­та­ни­те на Kо­со­во во 1998-1999 го­ди­на. До нас­та­нот во Ра­чак, кој ве­ру­вам ви е поз­нат, на ед­на стра­на, беа УЧK ка­ко не­ле­гал­на фор­ма­ци­ја, ко­ја вр­ши злос­тор­ства, а на дру­га, вој­ска­та на то­гаш­на Ју­гос­ла­ви­ја, ко­ја е дол­жна да си бра­ни те­ри­то­ри­ја­та од не­ле­гал­но во­о­ру­же­на­та фор­ма­ци­ја. По­тоа бе­ше ис­фин­ги­ран Ра­чак и то­гаш трг­на дип­ло­мат­ско-ме­ди­ум­ска­та офан­зи­ва де­ка УЧK е всуш­ност бо­рец за сло­бо­да, а Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ и вој­ска­та на Ју­гос­ла­ви­ја ста­наа злос­тор­ни­ци и, ка­ко што се­га ве­ли, Ах­ме­ти – оку­па­то­ри.
Иа­ко спо­ред­ба­та со ими­ња­та и нас­та­нот не е док­рај ко­рек­тна и точ­на ако го сфа­ти­те тоа бук­вал­но, се­пак во ос­но­ва се ра­бо­ти за неш­то слич­но. Зав­че­раш­ни­от нас­тан всуш­ност е обид „аг­ре­со­рот“ – СДСМ и ал­бан­ски­те пар­тии – да ста­нат жрт­ва, а „За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“, од­нос­но по­го­ле­ми­от дел од на­ро­дот кој ста­на про­тив ти­ран­ска­та плат­фор­ма на­мет­на­та по из­бо­ри­те, зна­чи плат­фор­ма за ко­ја ни­кој не се из­јас­нил на из­бо­ри­те, од бра­ни­тел на сво­ја­та др­жа­ва со мир­ни про­тес­ти, да се прет­ста­ви и тран­сфор­ми­ра во аг­ре­сор.
Ако ва­ка ги гле­да­те ра­бо­ти­те, то­гаш ста­ну­ва јас­но зош­то це­ла­та дра­ма бе­ше ор­га­ни­зи­ра­на по 18 ча­сот. Ста­ну­ва збор за кла­сич­но из­вр­ту­ва­ње на уло­ги­те, од­нос­но за обид да се сме­нат уло­ги­те на жрт­ви­те и аг­ре­со­ри­те, во до­маш­на­та пер­цеп­ци­ја, но и во стран­ска­та. Kо­га на ова ќе се до­да­де и де­ка ам­ба­са­до­ри­те што си­но­ќа одр­жаа прес-кон­фе­рен­ци­ја, всуш­ност од 17 ча­сот би­ле соб­ра­ни во хо­тел на цен­та­рот на Скоп­је ко­га ќе се до­да­де и крај­но смеш­но­то со­оп­ште­ние на аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да (спо­ред Аме­ри­кан­ци­те, Та­лат Џа­фе­ри бил из­бран во ре­гу­лар­на про­це­ду­ра , на што не зна­еш да­ли да се сме­еш или да пла­чеш), ста­ну­ва со­се­ма очиг­лед­но де­ка е во пра­ша­ње ед­на син­хро­ни­зи­ра­на опе­ра­ци­ја. Бит­на би­ла крај­на­та цел, а за таа цел очиг­лед­но би­ло пред­ви­де­но да има и жрт­ви, од­нос­но пов­ре­де­ни и слич­но.
Се раз­би­ра, ту­ка не­ма да се зас­та­не. Ос­вен пот­ре­ба­та да се сме­нат уло­ги­те на жрт­ви­те, опе­ра­ци­ја­та ве­ро­јат­но е со цел да се из­бе­ре и вла­да, ко­ја ис­то та­ка ќе би­де не­ле­ги­тим­на, но во се­кој слу­чај ќе би­де нап­ра­вен обид да се соз­да­де не­ка­ков ин­сти­ту­ци­о­на­лен па­ра­ле­ли­зам. Тоа до­пол­не­то со над­во­реш­ни­от при­ти­сок кој се­га би тре­ба­ло да би­де на­со­чен врз Ива­нов и врз Гру­ев­ски, спо­ред за­мис­ла­та би тре­ба­ло да вро­ди со не­ка­ков плод на пок­ра­ток пер­и­од. Ина­ку, про­пад­наа жрт­ви­те. За­тоа е со­се­ма про­вид­но ин­стан­тно­то од­би­ва­ње на СДСМ да го при­фа­ти по­ви­кот на Ива­нов за ли­дер­ска сред­ба, ка­ко и иг­но­ри­ра­ње­то на тој по­вик од стра­на на стран­ски­те за­ме­ша­те­ли во оваа уј­дур­ма. Ина­ку, тие се тие што до вче­ра ве­леа де­ка се­ко­ја кри­за се ре­ша­ва со ди­ја­лог, зар не? Но, ов­де очиг­лед­но ста­ну­ва збор за си­ту­а­ци­ја за чиј опис пов­тор­но ќе се пос­лу­жи­ме од ис­то­ри­ја­та на Ју­гос­ла­ви­ја: ко­га се рас­па­ѓа­ше др­жа­ва­та, а Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска пр­ви се от­це­пи­ја, во еден мо­мент не­кои од стран­ци­те се ог­ла­си­ја и ре­коа де­ка за пра­ша­ња­та што се од­не­су­ва­ат на нив ќе раз­го­ва­ра­ат со вла­ди­те во Љуб­ља­на и Хр­ват­ска, а не со со­јуз­на­та вла­да во Бел­град. Ов­де иде­ја­та е да се нап­ра­ви неш­то слич­но: од де­нес за тој дел од стран­ци­те Џа­фе­ри е прет­се­да­тел на Соб­ра­ни­е­то, а тој таа гру­па ќе го из­бе­ре за пре­ми­ер, со не­го ќе раз­го­ва­ра­ат на­мес­то со Емил Ди­мит­ри­ев и ќе пра­ват нов цир­кус. Kа­ко по­тоа вак­ва­та си­ту­а­ци­ја за­вр­ши во СФРЈ е поз­на­то, а не­ма да би­де чу­до де­ка и ов­де се бр­за со неш­то слич­но, од­нос­но поз­на­та тај­фа ам­ба­са­до­ри да прог­ла­си ко­ја вла­да ја са­ка и ко­ја за нив е ле­ги­тим­на, а ко­ја не. Фак­тот што со тоа до­пол­ни­тел­но ќе ја раз­го­рат кри­за­та мно­гу и не ги ин­те­ре­си­ра, зар не?