МАРИОВЕЦОТ НА ИТАР ПЕЈО ОД „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“
Се сеќавате ли на приказната за Итар Пејо и Мариовците кога ја здогледале маглата над Прилеп и кога овие вториве рипнале во провалијата да ја собираат откако Пејо им рекол дека тоа е волна? Ние си ги имаме тие славни Мариовци. Американците го имаат Хомер Симпсон. Британците ја имаат „Црна гуја“ на Роан Аткинсон, односно велелепната интелектуална структура на неговиот Болдрик, смрдливиот глупчо, чија животна цел е да ја одгледа најголемата репка на светот.
Еден следбеник на сиве овие легенди, главниот уредник на „Слободен печат“, откако го среди својот весник, пред еден-два дена се занимаваше со текстовите и насловите на „Дневник“. Си умислил човекот дека има капацитет за тоа. Дека, всушност, сфаќа некои работи. Не му е прв пат, ама досега го остававме. Нека го, си велевме, мора да се закача со другите за да привлече внимание. Оти пет или десет денари весник, веќе е сеедно, луѓето не го есапат. А газдите се лутат. Па тој, кутриот, иако еднаш одамна сум му рекол дека еволуцијата кај него касни милиони години, мора да се шлепува на нас. Очајот е гадна работа. Kога гледаш дека никој не дава пет пари за тебе, односно дава, ама колку да не седи на гола цигла додека пие пиво пред гранапче. И затоа, знаејќи дека нема друго чаре, освен да се гребе кај оние на кои им завидува, не му замерувавме што н` навредува и клевети. Што вели еден норвешки адвокат, не можеш да ги казнуваш просјаците зашто нивно право е, човечки е да бараат помош. Згора на с`, мислевме така ќе му се смилостиват газдите. Нема да го сметаат за неспособен пропагатор, кој со години по ред, заедно со својата партија, ги губи изборите. Ајде што ги губи, туку брише под со нив. И тоа не Груевски и неговите, ами истите тие што ги даваат петте пари, оние што ги бележат на гласањето.
Ама изгледа сето тоа не помогнало. И очигледно не му останало ништо друго, освен да се обиде да н` вовлече во кафеанска кавга, па ако не може тој да биде добар, барем и нас да н` направи блиски до него. Мизерни и бедни.
Но, од друга страна, жал ни е да го оставиме Пејовиот Мариовец на цедило. Не е фер поради нас да го праќаат да скока во базен во кој не му пуштиле вода. Зошто да го караат? Па не е тој виновен. Толку му е дадено. И затоа, еве, ќе му ги посветиме овие редови. Ќе му дадеме бланко-сметкопотврда. За да не мора по капењето во празниот базен, да учи напамет шеги со Мујо и Хасо. Или да оди на кафе со Едвард Џозеф. Или самиот да си преобјавува текстовите од „Kомунист“, во кои неговото умно главче го брани амандманот на Уставот на СРМ од 1989 година диктиран од Слободан Милошевиќ, со кој се бришат Албанците како посебна националност од највисокиот правен акт на тогашната социјалистичка република. Оти тоа било за нивно добро и ги изедначувало со другите националности. А години потоа да се претставува како борец за правата на Албанците во РМ против нивната наводна дискриминација во преамбулата.
И сега со такво типче треба да расправаме за насловни страници или за сериозна политика. Со интелигенција која не може да ви накалеми ништо посериозно од зборот „срање“. А како да му објасните дека не може да ве обвини дека сте „с…е“, а во исто време и дека водите пропаганда на Груевски. Што значи ем сте „с…е“ ем вашата пропаганда победува! Kако тоа може? Има логика? Нема, ама тоа е така кога на човек, кој со лекциите стигнал до рало и плуг, а за оганот уште не сигурен дали е господова или ѓаволска работа од која треба да се бега, сега му дале задача да зборува за нуклеарна физика. Па сите, вклучувајќи го и народот, му се малоумни, што само по себе е малоумен аргумент. Kако на таква величина да ~ објасните дека тоа што жените од Шведска не се селат во Македонија нема врска со податокот регистриран и во ООН дека во таа земја има 14 пати повеќе силувања отколку кај нас. Друга е работата што тој не мора да се грижи зашто него ни во Шведска ни во Македонија никој нема да го силува. Па бил машко или женско.
Настрана тоа што слободоумниот борец за демократија смета дека сме воделе анти-ЕУ пропаганда. Види, Пејов Мариовец, додека други те учат да правиш разлика меѓу кредит и донација, што е сериозно тешка лекција за твојот ум: ние не гласавме за фашистите во Европскиот парламент, не ги укинавме македонските општини во Албанија, ние не објавивме дека нас ни пречи исламот, ние не влеговме во „Гардијан“ со специјалната служба, ние не рековме дека во БиХ треба да се урне владата, ама ако може без многу жртви, ние не ја прислушувавме Меркел, не пеевме дека ќе им ја пиеме крвта на скопјаните, не рековме дека Полска ~ го „пуши“ на Америка, туку тоа се зборови на Сикорски, ние не им испраќавме сметки на Евреите додека биле во концентрационен логор, па потоа да го криеме тоа шест-седум децении, ние не му пишавме на Обама дека има проблем со демократијата… А ако твоите ментори сметаат дека за тоа е забрането да се пишува, тогаш нека излезат да ги видиме. Белки не се од Путинова Русија или од Kина? И патем ќе ти помогне ли ако викнеме: Да живеат ЕУ и НАТО! Добро е сега? Супер. E, ајде тогаш по ова нека ти купат УСАИД, „Сорос“ или кој и да веќе, пластична кофичка, гребло и лопатка и трк до една од плажите на Kоце Трајановски. За да се смириш малку. И нека ти го сменат млекото оти ова сегашново очигледно те растројува. Па се губиш. А кога ќе имаме време за трошење на глупости, можеби и повторно ќе се допишуваме. Дотогаш, поздрави ги газдите.
Дарко ЈАНЕВСКИ