Јавно обраќање на Џес Бејли до судиите

Јавно обраќање на Џес Бејли до судиите

Судот донесе одлука за амнестија спротивна на Законот!?!?

Од информациите што стигнаа од судот се гледа дека првата група на амнестирани ги опфати пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, двајцата вработени во Собрание, Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, Митре Питроповски, Илија Славески.

Меѓу амнестираните се и браќата Михаел и Стефан Младеновски кои носеа фантомки и ги повикуваа луѓето да одат накај прес салата, а на големо изненадување судот донесе одлука и за Захарие Симовски да биде опфатен со законот за амнестија иако тој јавно пред судот кажа дека носел оружје внатре во Собранието.
Ексклузивно еве го записникот од сегменти на неговиот исказ каде експлицитно кажува дека тој носел оружје внатре во Собрание.
Како е можно да биде опфатен со Законот за амнестија кога сам изјави дека носел оружје, додека за Игор Југ нема никакви докази дека носел оружје освен вербални и Игор Југ е 15 месеци во Шутка додека “соработниците” на ОЈО се извлекуваат како и воопшто да не носеле маски, да не извршиле насилство или не носеле оружје кога самиот обвинет Захарие Симовски потврди дека носел оружје, што значи Законот за амнестија него не треба да го опфати.

 

Џес Бејли

Самоилова 21, Кале – Скопје

28.12.2018