Џиџи Буфон замина во историјата.
Иако заминувањето не е тогаш кога тој посакуваше, во Русија, и покрај поразот во двомечот со Шведска, Џиџи не заминува неславно, ами супер славно.
Иатлија и Јувентус секогаш ги поседувале најдобрите голмани. Веројатно и заради добрите одбрани што ги имале.
Џиџи останува како една од најголемите легенди. Секако, за голман како Џиџи важно е и кого имаш пред себе. Овој вчерашниот карикатурален состав на Вентура, или пак оној на Марчело Липи со Замброта, Какаваро, Матераци, Пирло и Гатузо. Или пред себе да ги имаш Неста и Малдини.
За италијанската и светската фудбалска јавност ќе остане дилемата кој е најголемиот голман во Италија на сите времиња? Дино Ѕоф или Џиџи Буфон?
Дино Ѕоф, пред себе во одбрамбената линија ги имаше: Бергоми, Кабрини, Коловати и Џентиле предводени од Енцо Беарцот .
Најголемото достигнување на Ѕоф е што како капитен на 40 годишна возраст го дигна пехарот како светски шампион на светското првенство во Шпанија 1982. Тој е и најстариот освојувач на титулата светски шампион. На возраст од 40 години и 144 дена, стана највозрасен фудбалер што некогаш играл на светско првенство. Тој го држи и рекордот на непримање гол на меѓународне натпрева од 1.142 минути непрекинато., од 1972 до 1974 година. А серијата му беше прекината од фудбалер на Хаити.
Знаејки ги постигнувањата на Џиџи Буфон, тешко е да се пресуди.
Џиџи им 175 утакмици за Италија, Дино има 112. 664 настапи во серија А има Џиџи, Дино има 642.
И, така. За вкусовите не се расправа.