ШПИУНСКИ ИГРИ

ШПИУНСКИ ИГРИ

Во денешно време сите прислушкуваат! Порано, тоа беше сложена операција на вметнување микрофони во фиксниот телефон, лустерот, ѕидниот часовник… Потоа мораше прислушкувачите да се блиску, во следната соба, на истот спрат или во зградата карши.

Но, во ова ново доба, откако се самоопределивме со помошта на смарт телефоните да си се самозаробиме и да се направиме робови на светските корпорации што како пиуни ги имаат владите и претседателите, прислушкувањето стана “првилегија“ за секого и во секое време.

На пример, во времето на владата на Никола Груевски кабинетот му, а и тој самиот, без основна безбедносна култура, се изнаприкажаа на мобилен за сите пари. Ги снимаа другите, тие други ги снимаа нив, трети користеа, за на крај идиот тие разговори да ги објави. Ама не во целост, ами монтирани, сечени, манипулирани. Тие што требаа да му ја гарантираат државната и (контра)шпиунската безбедност на Груевски, тие потфрлија. Тие му беа мекиот стомак. Тие, у ствари, најмногу се изнамуабетија – Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.

Од тие прислушкувања, “благодарејки“ на италијанската амбасада, британските разузнувачи и американските советници стационирани на Кале, не слушнавме ниту еден разговор што го имаше водено било кој од СДС?! Осомничените, процесуираните и притворените ВМРОДПМНЕ-овци, заедно со пребеганиот им поранешен лидер, прифатија “реалност“ дека си се самоприслушкувале. Односно дека извршиле самоубиство од заседа. Ништо не се слушна од тоа дека “братучедите“ прислушкувале 20.000 луѓе, 200.000 телефони и слични обвинувања со кои оваа сапуница започна. Кај се сега тие снимки?

Како што ние се самозаробивме со смарт телефоните така Никола Груевски и весело друштво се самоубија во 100-тина наврати со самоприслушкување!

Е, ама не минаа ниту две години, мечката го промени дворот, па почна да игра кај комшијата.

Зоран Заев, неговиот експерт за тендери ТендеРашко, Вице Заев, Кочо Анѓушев, Кирацовски, Ременски и останатите велепредавници од сегашната фашистчка власт, се предмет на подсобрани, селектирани и ексклузивни снимки од нивните економски криминали и политички предавства.

Овој пат не играат прислушкувања со “жолто комбе“, ами се користат други методи. Методите зависат од објектот кој е предмет на опсервирање и од неговиот капацитет. Примерно, ТендеРашко знае дека за максимум една година ќе паднат од власт, па гледа што е можно повеќе да ожнее и од кај циганите и од кај не-циганите. За Заев, пак, е направена многу лесна негова ментална слика, па е установено дека будалата сама се ќе си каже. Само треба да му се јави “Порошенко“.

Значи, се‘ се снима. Имам дилема која е таа институција што може сето тоа да го селектира, или пак каков е тој супер компјутер што може да одвои што е курташак, а што реален разговор?!

Но, податокот дека Сигнал, Телеграм, ВотсАп, а одамна Вибер имаат чудни звуци и “нестабилен“ прием, укажува дека мрежата е “оптеретена“. А, кога се бара преку нормална мрежа на ВИП или Телеком, тогаш задолжително има едно “клик“ на самиот почеток од барањето некој особа. Тогаш, од мене има ебавање, ставање у уста, дупење на се‘ женско што имаат тие кои прислушкуваат и кои во тој момент се со слушалки на ушите.

Дали има техничко-технолошки спас од ова?

Хмммм, има. Ама треба да се откаже човек од навигација на телефон, сликање, праќање слики, видеа и пораки…, да се откаже од временска прогноза, од следење на камерите што ги има во куќата, фирмата, на имотот…, да се откаже треба човек од самоставените окови со кои станува послушен роб.

Методите за оневозможување да ве прислушкуваат би ги поделил во две категории: Број еден е Стратегијата на Путин, а број два е Стратегијата на Миленко и Мирка.

Путин, на пример, не користи мобилни, лап  топи, компјутери. Кога се разговара за најголемите тајни и стратегии се користи графитен молив и листови на “коцки“, или на “тесни и широки“.

Миленко и Мирка користат сосема поинаков пристап. Имено, иако користат смарт телефони, компјутери, оневозможуваат да бидат прислушкувани, провалени, бламирани затоа што ја имаат усовршено тактиката “Што на ум, то на друм“! Односно, џабе некој снима и документира, џабе реферира кога тоа што го збориме по телефон, потоа јавно, јасно и гласно го пишуваме во своите текстови и го кажуваме во своите видео настапи. “Џабе везеш“ прислушкувачите во случајот на Мирка и Миленко имаат проблем. Неможат да откријат тајна.

Е, за таква стратегија се бара храброст, решителнст, непоколебливост, стабилност и пред се лудост. Затоа во ниту еден мој (нејзин) текст, ТВ настап, коментар нема кукавичлук па Мерцедсеост да биде “она на М“, односно Ренци да биде “премиерот на Р“.

Заради нашата стратегија немаме разговори со некој си “началниче“ или пак со истиот наречен “друже“.

Па бидејки на Мирка не можат да и најдат гаки од 500 евра, а мене не можат да ми откријат дивоградба или затаен данок – е, затоа Мирка ќе ја судат затоа што му нанела тешки ментални растројствија на Стојан Андов, а мене за искажана реч! Не‘ судат за пишан збор! За удирање по тастатура. За објавена вистина. За отворена дебата. Тоа за Јавното обвинителство е криминал:! Не се за нив криминал заканите од Тричковски, не е гласањето со две раце во Собранието пред две години, не е наркоманот Павле Богоевски, не е рушветџијата Заев, не е ТендеРашко, не е криминал платформата на Матка, не се криминал ниту пицеријата кај Чинарот и хотелот на плажата во Охрид…

Не, криминал за ЈО и ОЈО е најголемата човекова придобивка и право, од бога дадена можност – ИРАЗУВАЊЕ. Криминал за нив е слобода на говор, сопствен став, различно мислење…

Прислушкувале?!

Прислушкувај бе брат. Узми цевку и работи.

За кур ќе ми се фатиш.

 

Миленко Неделковски

15.07.19

Македонија