ШПАНСКА “МУШИЦА“

ШПАНСКА “МУШИЦА“

Незадовлни од банкарскиот сектор, Шпанците одлучија да им го возвратат ударот на оригинален начин, со пасивна окупација на банкарските шалтери.

Активистите велат дека вака не прават прекршок или казнено дело, туку стојат во редови како и сите останати граѓани. Масовното барање на основни информации во банките од страна на активистите, предизвика вистински колапс.

Непрегледните редови на активистите, кои трпеливо чекаат да го “затрупаат“ банкарските службеници со прашања, ја оневозможуваат работата на банките и нормален пристап на сите оние корисници кои навистина имаат потреба од банкарски услуги.

Овој чекор на шпанските активисти е најнов начин на борба против банкарскиот сектор кој стана најголем сопственик на недвижности, поради запленувањето на имотите на должниците. Од почетокот на кризата во Шпанија на улица завршиле повеќе од 400.000 луѓе.

Истовремено милиони станови се празни. Поради неможност за плаќање на кредити, во Шпанија секи 15 минути едно семејство завршува на улица.