Националисти и Конвертисти
Можеби сте размислувале, а сигурно сте приметиле дека интернационалниот империјализам
и милитантниот глобализам во цивилниот сектор на освојување работат преку кратки пораки,
кој ги повторуват безброј пати на безброј начини се додека не станат премиса или општо прифатена мантра на некоја група или цело општество. Како во светот така и кај нас. Таквата пропаганда и валкана индоктринација( последниве 10-15 год) Сорос и УСАИД ја доведоа до
совршенство. Такви максими се пример: “ Нема правда-Нема мир“, “Правда за тој и тој“, “Абортусот е право на жената , а не убиство“…
Тоа се интернационални мантри, употребувани од Украина до Ирак и од Македонија до Венецуела. Но има и локални како на пр : “Каде се
крадените миљарди на Грујо“, “Колку Тамари чини мерцедесот“.
Било која тема да се отвори во јавниот дискурс, одговорот на соросоидот т.е “Бањатиот“ е : А каде се парите?
Таквиот начин на комуникација е масонски и језуитски принцип, стар со векови а крајната цел е :
ИЛЈАДА ПАТИ ПОВТОРЕНА ЛАГА СТАНУВА ВИСТИНА.
Во последно време бидејки на длабоката држава не и цветаат рози, бидејќи направи катастрофална грешка со Црпле, пропадна
референдумот и целиот проект “Северна“ е нелегален и нелегитимен, нервозата расте! А фондовите за индоктринација и заглупување секнуваат затоа се наложува потребата од кратка и ефективна но ефтина пропаганда. Во последно време тоа е : “ Ти си НАЦИОНАЛИСТ“. Тој краток исказ се изкажува кога: е загаден воздухот а во Тетово се граат на мебел и пластика, кога “Шверцери“ ќе заколат дете во автобус, кога на свадба ќе истакнеш 16 зрачно сонце… Но, секогаш со огромна доза на гадење, со гримаси и театралност, се со намера да се прикаже колку е лошо тоа “НАЦИОНАЛИСТ“ , човече замисли ти си тоа!
Бидејќи конвертитите – северџани по дефиниција се со лимитирана интелегенција и ограчичени спознан почуствувавме потреба да го објасниме т.е елаборираме суштинското значење на терминот од
нивната пропаганда. Се со цел национално будење, или барем ширење на вистината.
ВИСТИНАТА СПАСУВА И ОСЛОБОДУВА.
Националист
Во меѓусебните односи помеѓу луѓето од памтивек, од после потопот ( Кога Бог им ги помешал јазиците на луѓето), воспоставено е општество и народи, а подоцна нации. Значи народите ги создал Бог ( Не Цезар, Нерон, Хитлер, не француска комуна, не човек) од кога ги создал и
разграничил со јазици, ги разграничил и на различни континенти, области, ставил граници
помеѓу нив : мориња, океани, тешко премостливи реки и планини. Во таа констелација вградил во луѓето чувство да го сакаат својот народот, подоцна нацијата на која припаѓаат. Но како и секогаш, има отстапки од идеалниот, божествен систем и луѓето развиле три основни модели
на меѓусебно општење кога е во прашање , потеклото, општествената припадност и поделбите.
Тие три основни модели се:
1) Националист,
2) Шовинист,
3) Фашист.
1) Националистот го сака својот народ и својата земја, најчесто без видлива материјална причина и без надокнада, силно ја сака. Може да кажеме дека од тоа нема никаков
интерес, тоа е практично платонска љубов, чиста како кристал и без калкулации. Но тоа што силно го сака својот народ и татковината не значи дека ги мрази другите народи и
дека го оспорува нивното право да постојат или да имаат татковина. Тоа на националистот не му паѓа на памет.
2) Шовинист, името доаѓа од наполеоновиот генерал и стратег -Николe Шовен, човек кој
бил ударна тупаница на наполеоновиот империјализам…тој го оспорувал правото другите народи да бидат тоа што сакаат… Какви Пруси, какви Австријци, сите вие ќе
бидете Французи. Шовинизмот покрај што не ги почитува чувствата и желбите на другите народи, тој не почитува ниту : личен избор, историски факти, материјални
докази, човекови права и слободи…за него постои само законот на посилниот.
Шовинизмот не признава граници, дури ни физички. Пр. Алжирците иако зборуваат друг јазик, од друга раса и континент, сакале не сакале морале да бидат “Французи“.
3) Фашист, тоа е човек многу сличен на шовинистот но по екстремен и жесток , не бира средства и методи да го оспори и оневозможи личниот избор на другите народи. Ако
фашистот реши примерно дека Македонците немаат право да бидат Македонци и немаат право на својата историја, култура и традиција, тој тоа ќе го оспорува и оневозможи преку : економски санкции, наместени судски процеси, затвори и
конфискации се до стрелање, егзодус, етнички чистења и гасни комори.
Интегрален заклучок е : Од сите начини на општествено однесување, најдобар, најблаг , реален и посакуван е Национализмот. Ова е во корпусот на реални, искрени и отворени
општествени односи. Но тука имаме и задскриени, лукави, подли или ако сакате сатанистички методи и начини на општење. Бидејќи тајните и лукави организации како ( масони, илуминати, луциферијани) се во директна побуна или негирање на Бога и секој негов закон и постулат, тие сакаат се обратно од тоа како Бог го уредил. Имено сакаат “Глобален свет“ без слободни луѓе, Т.Е свет на мнозонство ментални робови и малцинство просветлени господари, сакаат создавање “нова раса“ (хибриди од сите раси) кој нема да знаат од каде се, зошто се таму и
што тоа значи, освен да конзумираат – трошат : кока кола, мек- доналдс, секс драгс & рокенрол.
Да бидат штравче во машината за произвотство на пари за нивните просветлени господари без да поставуват многу прашања.
Но бидејќи ова е мега проект, многу проблематичен и тешко остварлив, има повеќе обиди за негово воспоставување . Такви се : Комунизам, Социјализам,
Национал-Социјализам, Финансиски Либерализам ( ММФ-ФАРЕ)…има многу лица и имиња но
суштината е иста – ГЛОБАЛНО ПОРОБУВАЊЕ НА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО, без човекот да знае кој е , од каде доаѓа и каде оди.
Главна и заедничка карактеристика на сите перфидни, лукави и
безбожни системи е “Поединецот“ носител на таа идеја , најчесто и без да знае. Тоа е КОНВЕРТИТОТ. Конвертитот нема татковина, припадност на народ, традиција, фолклористика, вера, култура…нема ништо свето. Татковина на конвертитот е она место каде му е топло на газот и полн стомакот. Конвертитот е душевно опустошен и духовно празен хуманоид кој
живее по вегетативно-анимален принцип на опстојување-полнене и празнење на цревата.
Конвертитот може да менува вера, идеологија, народност, националност, раса, уверување, традиција, за него нема НИШТО СВЕТО! Она што е важно е фактот дека конвертизмот е
генерациски наследен. Оние чиј дедовци ги дочекале Бугарите како ослободители и за две години енормно пораснал бројот на имиња Аспарух и Крум ( имиња кој никогаш ги немало во македонската традиција), подоцна нивните татковци биле заколнати комунисти и Југословени кој се викале Југослав и Тито ( Петковски, Беличанец) денеска истите се Прогресивни Европејци, со тенденција на прикажување дека ние другите, Македонците сме небаре
африканци. Ако проектот “ Северна“ потраеше 20 год ( што е практично невозможно) и ние станевме членка на ЕУ и НАТО…внуците на овие луѓе ќе се викаа : Брисел, Меркел, Могерини…
Како што реков , бидејќи не се многу бистри ниту начитани, сосема спротивно од тенденцијата на прикажување. Ќе се обидам крајно да упростам. Значи ние националистите сме добри, фини луѓе кои сакаме да бидеме на своето, притоа никого не мразиме нити сакаме да го нема.
Или да ја употребам поговорката која ви беше омилена во системот на предходните газди :
ТУЏЕ НЕЧЕМО; АЛ СВОЈЕ НЕДАМО.
PS :Значи не не навредувате со тоа Националист и земете прочитајте некоја книга , доста висите на Ф.Б и твитер се претворивте во живи ботови т.е андроиди од крв и месо.
Томе Ширков
МнМ
15.09.19